Макало со компир и суви пиперки на мој начин

компир пиперки
компир пиперки

 

Макалото е потипично за западниот дел на Македонија, каде сувите пиперки се неизбежен дел од кујната. Рецептите се многубројни, за разлика од југоисточниот дел каде има пак и сосема поинакви рецепти. Самото поднебје, односнo услови и клима го одредувале тој начин на обработка на пиперките.


Денес е поинаку, луѓето се движат постојано, се измешавме, а и Интернетот ни ги доловува сите можни разлики што ни ја прават кујната пребогата и единствена!

Ова е една моја варијанта на макалото од компир и суви пиперки.
Секако треба уште да учам што и како е најдобро.

 

Состојки

  • неколку компири
  • неколку суви пиперки, може и лута
  • неколку чешниња лукче
  • зејтин
  • сол, малку црвен пипер, триена сол

Постапка

  1. Сварете го компирот.
  2. Подварете ги пиперките.
  3. Отворете ги и соберете ги со лажица омекнатите пиперки како на сликата, со лажиче.
  4. Испасирајте го сварениот компр, додадете зачини и пиперките.
  5. Загрејте зејтин и прелијте ја смесата, измешајте да стане компактна.
  6. Потоа формирајте бомбици или коцки, по желба, а може да се сервира и традиционално, секако.

Ставив и младо кромитче, но знам дека кај нас нема преку цела година.
И да, лушпите од сувите пиперки ги исецкав и ги додадов, да не сум луда да ги фрлам 🙂 , мене ми значат богатство таму далеку, а и дома не се подготвуваа кога растев, така да, откако ги открив, не се делам од нив 🙂

Вкусот на оваа макало, посебно и со триената сол е прекрасен!
Независно како е сервирано, резултатот ќе биде секогаш забележан 🙂
Мезе, салата или предјадење кое е типично наше, ќе ги воодушевува секогаш странците, а нашите трпези ќе зрачат со посебност 🙂

Рецептот нека е во чест на Битолчани, од кои учев во групите за преубавата битолска кујна, од кои слушнав за макалата и многуте други, прекрасни рецепти 🙂

 

компир пиперки

 

 

[gallery_one id=”11566″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

 

 

Leave a Reply