Модар патлиџан со палента

Не знам дали некој друг приготвува толку многу модри патлиџани и тиквици како мене.
Ги имаме цела година, вкусни се и веќе не ми се сезонска храна. Обавезно на неколку денови печам цели плехови и ги комбинирам на разни начини, за салати или оброци.

Интересно ми е како овде се готват патлиџаните и тиквиците, ги сечат на коцки и ги обаруваат, солче и толку, така ги сервираат на многу настани…Кога прв пат видов тоа, го прашав маж ми како ги готват поинаку, а тој вели, никако! Вели воопшто немаат традиција во семејството за таква храна.

И така, да му надокнадам, редовно ни се на трпезата 🙂 Како живеат без оваа убавина, не знам, но ете се покажува од каде е вкусот на храната, се знае од кои земји 🙂
Од друга страна, имаат преубави книги со преубави рецепти, слични на нашите кои никој не ги погледнува, не се интересираат, ма какво готвење, тоа е губење време за многумина Швајцарци… Чест на исклучоци 🙂
Мислам дека старата швајцарска кујна е многу слична на нашата, ама негде попат се загубила, за жал…
Papet vaudois, raclette, fondue au fromage, saucise à rotir, rösti, saucisson, c’est tout pour maintenant! Големи практичари, на маса се готви, заедно со семејството, е за тоа браво, браво!
Швајцарец не чека од жената јадење, или го прави, или помага, или заедно сé се прави на лице место, на маса 🙂 Ем муабетче цело семејство, ем никој не е уморен од готвење, ем корисно, ем забавно, убавина 🙂

Ајде да се вратам на модриот патлиџан, лани во 10 месец сум ги правела, преубави беа…

 

Состојки

  • модар патлиџан
  • палента и малку брашно
  • магданос
  • сол, сушен зачин, црн пипер
  • крем сирење
  • маслиново масло

Постапка

  1. Патлиџаните се сечат на кришки, се солат и се чека да им се пушти лутата вода.
  2. Се мијат, се сушат, се премачкуваат маслиново и се увалкуваат во палента со магданос и пиперчиња, но не ми е запишано за нив, веројатно останале од тиквиците.
  3. Ако не се лепи палентата, напрскајте малку водичка.
  4. Се печат најгоре на решетката, на хартија во плех, на 250 степени. Не треба да се исушат многу, а сепак треба  да станат крцкави.
  5. За сервирање се става крем сирење, може оревчиња, лукче…Ставете си и зачини по желба.

Одлични се како мезе, предјадење, гарнир, а за мене и оброк, некое сосче плус и готово 🙂

Пријатно!

 

[gallery_one id=”9480″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

 

Leave a Reply