Одлично, богато мезе, една од моите комбинации. Овој пат со пире во 3 бои, и за око сервирано и на вкус, преубаво беше 🙂
Состојки
- модар патлиџан
- пире од компири
- сок од цвекло
- лукче
- свежо нане
- ајвар
- кисели краставички
- кашкавал
- маслинки
- мајонез
Постапка
- Патлиџаните се печат на тркалца, а постапката може да ја видите овде.
- Се варат компири за пире.
- Пирето се разделува во три чинивчиња.
- Во првата се става сок од цвекло и пресиран лук, се размешува.
- Во втората се става свежо нане ситно сецкано и малку ајвар.
- И во третата се става кисели краставички, маслинки, кашкавал, мајонез.
- Се редат на спратови, патлиџан, фил, се додека може да се реди.
- Најдобро е да се прават директно на садот за сервирање, да не се расипат при поместувањето.
Може да си ставите други ваши состојки, ваша комбинација 🙂
[gallery_one id=”10820″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]