Ориз со печурки

Ги гледам сликите од порано, посебно за оризот и ја гледам разликата. Нема поубав од кочанскиот ориз, но секако не од пазар. Што дека купив, не е тоа тоа… Поздрав Никола, нема поубав ориз од вашиот, следниот пат да се снабдам треба 🙂

Еве уште една комбинација на задушен ориз, овој пат со печурки.

Состојки

  • ориз
  • печурки
  • пиперка
  • морков
  • праз
  • домат
  • сува пиперка
  • маслиново масло
  • сол,црн бибер,сушен зачин
  • магданос

Постапка

  1. Испржете ги печурките со пиперката, морковот и празот. На крај додадете го излупениот домат на коцки. Нека се пропржи.
  2. Додадете го измиениот ориз, пропржете. Додадете сува пиперка.
  3. Додадете врела вода 1:3, зачини и нека зоврие, потоа намалете на средна температура.
  4. Не мешајте, само протресувајте го тенџерето и после 12 минути тргнете го настрана, поклопете. После 20 минути до половина час, ќе биде готово.

Можете да ги сервирате како гарнир, но и како посебен оброк во комбинација со салата.
Пријатно!

 

[gallery_one id=”4296″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply