Толку многу варијанти направив, рецептот може да ве инспирира до бесвест, барем мене, а која варијанта е поубава, не би можела да одредам 🙂
Е оваа е со тиквички во средина, многу вкусно и декоративно, а ељем што е мој рецепт, уникатен, умрела Циганката што ме фалела 🙂
Друга варијанта, онаа старинската, егејска, може да видите овде .
Состојки
- компири
- тиквички
Фил
- сирење
- 2 јајца
- кисело млеко
- лук
- свежо нане, сол
- путер
Постапка
- Компирот се вари.
- Во еден сад се меша кисело млеко, јајца, сирење, лукче, сол, нане, како фил.
- Во калап или тавче за печење се ренда варениот компир, врз него се става дел од филот.
- Во средина се рендаат тиквици, а врз нив повторно компир, па фил и на крај малку растопен путер.
- Се пече додека не се зарумени.
Ако компирот е многу пресен и сочен, ќе пушти малку вода, а и тиквицата, која ќе треба да изврие.
Дозите прилагодете си ги сами, на околу 1 кг компир, една тиквица, 2 јајца, неколку лажици кисело млеко, 200 гр сирење…
Преубаво јадење! Може како вечера, или гарнир, а и како главно јадење, посебно сега, во лето, комбинирано со кисело млекце. Пријатно!
[gallery_one id=”8832″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]