Корите, цел живот ги правам на ист начин, по стар струмички рецепт, кој мислам поретко се прави во други краеви. Но како за беља, немам сликано, ќе се потрудам во наредниот период.
Низ групите на фб, слушав дека во други краеви корите ги печат, но еве дури сега ги направив, и сликнав.
Рецептот ми е од фб пријателката Блага Јованова, благодарност Блага, преубави се и така, редовно ќе ги правам 🙂
Состојки
- кори
- тарана
- зејтин
- сол
- вода
Постапка
- Корите се ставаат на подмачкан плех, се посипуваат со зејтин и се печат со мешање. Корите брзо се запекуваат, треба да се внимава да не изгорат.
- Потоа се става тарана малку, две шаки, се полива со посолена врела вода и се враша на печење. Водата да ги покрие корите, еден прст над нив. Тараната ќе упие вода, корите исто, се пече додека цела вода испари и до убава боја.
Се сервира со сиренце рендано, или дробено, но немав време кога сликав:) Може да биде појадок, вечера, а и главен оброк. Преубаво е кога застудува, како топол појадок. Уште ги памтам утрата кои мирисаа на топли кори…
Пријатно!
[gallery_one id=”11918″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]