Има ли некој што не сака крилца? Сите ги сакаме, најубавки се на скара, а еве и овој начин е многу добар. Наместо пржени со многу мрснина, повкусен и поздрав начин, печени во рерна, ама како?
Sирнете 🙂
Крилцата може да се комбинираат на разни начини, секогаш се убави, како мезе, предјадење или оброк…
Состојки
- крилца
- сол
- сенф
Постапка
- На крилцата им се сечат ноктите 🙂 Се мијат и се сушат, се посолуваат, се премачкуаат со сенф и се оставаат еден час во фрижидер.
- Потоа, наредени на хартија во плех, се ставаат на горната втора решетка, а рерната треба да е вклучена само на горни грејачи и загреана на 200 степени.
- Се печат помалку од 1 час, со превртување во последните 15 минути. Сепак печењето зависи од многу работи, затоа ќе проверувате.
По желба може сите да се со сенф или некои. Зачини ставете си исто по желба, јас не сакам на крилцата многу зачини….
Навистина се превкусни, без маснотија, остануваат сочни внатре, а крцкави однадвор.
Сум ги комбинирала на многу начини, еве со летен пунџур, модри патлиџани, бабина кашичка со лукче….
Пријатно!
[gallery_one id=”9525″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]