Една поедноставна варијанта, пиперки со урда, без јајце, со лук и буковец е одлично мезе во летните горештини. Можете да комбинирате со тиквички, модар патлиџан, колбаси или ќофтиња…
Состојки
- пиперки
- урда
- буковец
- лук
- магданос
- сол
Постапка
- Пиперките треба да се за пржење, најпогодни се, им се чистат чушките, односно дршките и семето.
- Урдата се посолува, се додава буковец, пресиран лук и магданос.
- Пиперките се посолуваат и се полнат со зачинетата урда, може да додадете што сакате, а затворете со парче лепче.
- Се пржат или печат во рерна, по желба.
Мезе за мерак 🙂
[gallery_one id=”11045″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]