Печен компир со пиперки и лук

 

Еден од начините на кои го правам компирот, печен, а како пржен. Со лук и пиперки, добива преубав вкус, редовно ги ставам во тавата со компирот.

Денес покрај два вида риба, велам, јас би јадела само компир.

 

Состојки

  • млади големи компири
  • 2-3 црвени пиперки
  • 3-4 чешниња лук
  • сафран, сол, сушен зачин, рузмарин
  • зејтин

Постапка

  1. Рерната се загрева на 220 степени, а решетката се подига горе.
  2. Компирите се мијат и се сечат на кришки, не се лупат. Убаво е ако имате големи компири, а млади, но може и стар компир, излупен.
  3. Се премачкуваат со малку сафран и сол.
  4. Во плехот од шпоретот се става зејтин и се остава на решетката во рерната убаво да се загрее како за пржење.
  5. Штом се загрее, се става компирот да џ,шне. Јас тоа го правам надвор од рерна зашто прска многу. Покријте ги ринглите со нешто да не се испрскаат, (ставам дебел слој на весници), извадете го плехот, па ставете ги компирите.
  6. Додадете ги и пиперките исечени на ленти како и лукот.
  7. Нека се пече само одозгора, подоцна превртете ги и додадете сушен зачин.
  8. На крај додадете рузмарин.

Вака подготвениот компир ми е најубав, пиперките и лукот му даваат посебен вкус, а и рузмаринот кој не треба д изгори. Ставам повеќе зејтин што е исто така важно.
Инаку сафран ставам прв пат и презадоволна сум. Обично го користам за оризот, но оди и со компир, ем му дава преубава боја, а се става многу малку, знаете.

Одличен посен оброк, мезе, а и гарнир на месо или риба.
Пријатно!

[gallery_one id=”4925″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply