Турското пиде е нешто како пица, само што има форма на чамец. Мислам дека најчесто е со мелено месо, но и со најразлични додатоци. За разлика од пидето, лахмаџунот, преубав нивни специјалитет е со мелено месо, без толку зеленчуци…Е сега сите си правиме по свое, а како и не би, турската кујна ми е најубава, најблиска, без да навлегувам повеќе во таа тема 🙂
Веќе имам објавено рецепт кој може да го видите овде.
Оваа пиде е со праз и карфиол, ептен здраво пиде 🙂
Состојки за тесто
- брашно по потреба
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 1 сув квасец (вообичаено до 700 гр брашно најмногу, за повеќе брашно, ставам 2 ќесички)
- 2 лажици маслиново масло
- вода половина од брашното
Состојки за одозгора
- маслиново масло
- карфиол
- праз
- црвена пиперка
- зелена пиперка
- кашкавал
- сол, оригано
Постапка
- Ставете го квасецот со шеќерот во млака вода да стаса.
- Во еден длабок сад за месење, ставете го просеаното брашно.
- Додадете ја солта, маслото, квасецот, водата и замесете меко тесто. За меко тесто, секогаш треба половина вода од брашното, а може и малку повеќе.
- Оставете го покриено да нарасте.
- Обично правам кора и сечам долги парчиња, секогаш правам неколку различно полнети.
- Формирајте го тестото како чамец, (направете колку сакате на број) и ставете го на хартија на плех, дооформете го како сакате.
- Премачкајте го со маслиново масло.
- Изрендајте кашкавал малку на дното на пидето.
- Ситно исецканиот праз, карфиолот на тенки кришки и пиперките, наредете ги по желба.
- Нарендајте одозгора повторно кашкавал. Може да си ставите посен кашкавал, ако сакате.
- Се пече до заруменување на 200 степени.
Се јаде топло, комбинирајте со зелена салата.
Пријатно!
[gallery_one id=”5453″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]