Овој летен ручек сите го правиме во разни комбинации и варијанти, едноставно, но вкусно.
Колку и да ни е топло, пржиме, нема шала 🙂
Една од варијантите…
Состојки
- пиперки за пржење
- домати
- 1 јајце
- урда
- 2 чешниња лук
- магданос
- 1 лажиче шеќер
- сол, сушен зачин, црн пипер, буковец
- зејтин
Постапка
- Измешајте ја урдата со јајце или само жолчка, додајте лук и магданос.
- Исчистете ги пиперките од дршките и семките и наполнете ги со урдата.
- Затворете ги со доматче или парче леб, за да не истече амурот.
- Испржете ги пиперките.
- Извадете ги пиперките во сад, а во тавата додадете пиперки на парчиња.
- Откако ќе се испржат, додадете лупени домати.
- Испржете ја летната манџичка, додадете лажиче шеќер и други зачини, по желба.
- Прелијте ја летната манџичка врз пиперките.
Обично комбинирам со компирчиња.
На здравје!
П.С. Тајната на убавиот ручек е во пиперките, секако. Немам овде пиперки да бирам, но меракот е голем. Нашите пиперки, посебно пржаљки или каврџик се најубави, незаменливи и неспоредливи 🙂
[gallery_one id=”11042″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]