Солена пита од кори / јуфки

Солена пита од кори / јуфки
Солена пита од кори / јуфки

Ова ќе му дојде како солен млеченик, така нешто. Корите или јуфки, може да се направат и како десерт, и како баница, пита, како сакате. Мојот млеченик кој редовно го правам е благо-солен, во средина благ, по краевите солена кора со сирење, рецептот може да го видите овде. Тоа е стар струмички рецепт, а се прави и само благ, без солена кора, ќе следува рецепт.


Минатата година видов дека некаде се прави и солен целиот, рецепт точен немам, ама пробав од око, преубаво излезе. Уште и суви пиперки додадов, посебен шмек има 🙂

 

Состојки

  • 250 гр кршени кори
  • 2 или 4 готови кори, кој сака може сукани
  • шака тарана
  • сирење
  • јајца
  • сува пиперка
  • млеко
  • растопен путер или зејтин
  • сол

Постапка

  1. Прво се прави филот за преливање, јајца, млеко, сирење, сува пиперка, сол по желба.
  2. Потоа се прават корите за крашникот, ако користите готови, едноставно се прскаат со зејтин или растопен путер, се става тарана, а сирење и сува пиперка се става на почетокот и се виткаат, па се редат по краевите на намастено тавче. Овие кори беа од дебелите тегнати, затоа по една, а вие виткајте по две ако се многу тенки или една сукана.
  3. Откако ќе се направи крашник околу тавчето, во средина се ставаат кршени кори, може претходно малку потпечени ако сакате.
  4. Се прелива тавата со филот. Јајца по желба, а млекото да ја залие тавата.
  5. Се пече на 200 степени до убава боја.

Преубава пита, редовно ја правам, но секогаш во различно тавче и затоа немам точни мерки. Сé е од око, некои рецепти се такви. Некогаш ми требало повеќе кори за крашник, зависи какви се, некогаш повеќе јајца и млеко ставам…Битно е да се залие тавчето, значи повеќе одошто на сликата, сликнав пред да се залие целото.
Преубав појадок, вечера, а што да не и ручек. Вкусно е многу, а се прави многу брзо.
Пријатно!

 

Солена пита од кори / јуфки

Солена пита од кори / јуфки

 

 

 

 

 

 

Солена пита од кори / јуфки

 

[gallery_one id=”12049″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply