Кога ќе ви остане грав, можете да направите вакво тавче. Брзо се прави, многу вкусно е, а и здраво. Оваа тавче доаѓа од селска кујна, на која и нема замена, на која ништо не може да и биде конкуренција. Најубавиот леб, најубавите јадења под вршник, тави, манџи, зелници, по мој вкус се, и со ништо споредливи.
Начинот на подготовката, спороста на готвењето, природните состојки, досетливоста на домаќините, комбинациите на храната, уникатните вкусови на пржено месо, колбаси… сето тоа ја прави уникатна.
Секако дека денес се модернизира и селото, вршникот се поретко може да се види, бавното готвење отиде во заборав, но, ние можеме да ја одбележуваме и со принудните измени, можеме да ја овековечиме. Многу работи и немам пробано, но самиот изглед на јадењето ми кажува многу.
Состојки
- сварен грав
- лук
- црвена пиперка
- сува пиперка
- праз
- зелка
- зејтин
- сол, црвен пипер, сушено нане
Постапка
- Сварен грав со сите нишани се става во тавче за печење, му се прибираат само зрната.
- Се сецка пиперка и праз, се пржат.
- По некое вре се додава зелка сечена тенко, се пржи подолго, на крај се додава лук, сува пиперка и зачини.
- Се меша со гравот и се полива со угорен црвен пипер, потоа од водата од гравот се става во тавчето да се исплакне од пиперот и се додава во тавата.
- Се пече на 200 степени.
- Се сервира со суво нане.
Нашите стари точно знаеле што му треба на организмот, каква храна да се јаде, кога и како. Така преживеале многу тешки времиња, така ги растеле децата. Денес многу од тоа знаење ќе сретнеме во модерната советувана исхрана.
За вкусовите не се дискутира, ама ова тавче мислам ќе им се допадне на многумина кои сеуште не пробале. Зелката и празот, се претопуваат во вкусот на гравот и сето заедно е навистина преубаво!
Пријатно!
[gallery_one id=”11464″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]