Летно време, само да имам сочни домати и ручекот е готов. Сос, тестенини, или мевце, пржено сиренце, готово…
Сосот, или манџичката од домати, го правам на разни начини, зависи што имам дома, но во основа е домати, лукче..
Овој пат, преубав, преубав сос, летна манџичка, специјално за преубавите машнички од спанаќ, морков, брокула, цвекло…многу имаше напишано.
Состојки
- тестенини
- домати
- морков
- лук
- пиперка
- тиквичка
- целер
- маслиново масло
- сол, нане, босилек, магданос
- малку кафеав шеќер
- вода по потреба
Постапка
- Тестенините се варат според упатството, но внимателно, може и пократко, не е добро преварени.
- Додека се варат се прави сосот. Зеленчукот се сече и се пржи, некои форми сум вадела, гледам…
- Се додаваат излупените и на коцки исечени домати, се варат заедно, поточно се пржат.
- На крај се додаваат зачините. Шеќерот се става кога ќе зовријат доматите и кога може да им се додаде вода малку.
- Исцедените машнички се сервираат со сос во некој мал сад или се преливаат…
На машничките не им ставив сос одозгора, за да се видат колку убавки се 🙂 Сосот има прекрасна арома и одличен вкус.
Пријатно!
[gallery_one id=”9941″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]