Еден вид летна долма, полнети тиквици и модри патлиџани, со печурки.
Ако не сакате месо, печурките се одлична замена, како што знаете.
Едноставен рецепт, но многу вкусно. Тогаш кога ги правев, имав и округли мали патлиџани, кои не се лоши, на вкус се поразлични и им треба подолго готвење. Навики, вкусови…
Состојки
- 1 модар патлиџан
- 1 тиквица
- 250 гр. свежи печурки
- пиперка
- морков
- лук
- 2 јајца
- сол, сушен зачин, оригано
- зејтин
Постапка
- Патлиџанот и тиквицата се длабат, патлиџанот се посолува и по 15 мин. се мие.
- Печурките се пржат, а издлабеното, пиперката и морковот се додаваат, се пржат, зачини на крај.
- Потоа семесата се става на издлабените места, наредени во намастено тавче.
- Се печат и при кај се додаваат изматените јајца со сол.
Се сервираат топли, по ваша комбинација. Може да биде главен оброк, но може и како мезе или топло предјадење. Секако и со салата.
Пријатно!
[gallery_one id=”11119″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]