Тиквици со бунгур

Тиквици со бунгур
Тиквици со бунгур

Тиквици на сто начини 🙂
Разноврсноста ја краси нашата трпеза, а и нашето здравје.
Овој пат подварени и полнети со бунгур, помешан со зеленчук.

Состојки

  • тиквички
  • по потреба бунгур
  • пиперки
  • морков
  • сол, бел бибер
  • зејтин
  • магданос

Постапка

  1. Тиквиците се сечат како чашки, се длабат. Тоа што е вишок од средувањето на чашките, се сече на коцки.
  2. Се зоврива солена вода и тиквичките чашки се варат, но не треба да се преварат.
  3. Се вари бунгур во посолена вода.
  4. Пиперките и морковот се сецкаат и заедно со издлабеното и тиквичките коцки, се пржат.
  5. Се додава сварениот бунгур и зачини.
  6. Тиквичките се полнат и се сервираат.

Прекрасно свежо мезе, оброк летен, предјадење, како сакате.

Пријатно!

Тиквици со бунгур

[gallery_one id=”11175″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply