Едноставни, брзи и секогаш на трпезата, во разни комбинации…
Состојки
- тиквички
- пиперки
- лук
- сол, црн бибер, буковец, триена сол, по желба, магданос
- кашкавал
- мајонез сос
- маслиново масло
Постапка
- Тиквиците се сечат по должина, се длабат и се редат на хартија или во тавче.
- Внатрешноста се сецка, се сецка и пиперката, се пржат кратко, се додава лукче и зачините.
- Потоа тиквиците се посолуваат, се полнат и се печат.
- При крај на печењето, одозгора се додава рендан кашкавал, малку мајонез помешан со кисело млеко и се допекува.
Летно превкусно јадење, може да биде и посно.
Пријатно!
[gallery_one id=”11218″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]