Топено сирење

Топено сирење
Топено сирење

Кај нас сирењето воглавно се пржи, мајка ми не може да го јаде непржено, а иста беше и Ива, тешко го поднесуваше мирисот на свежо сирење. Баба ми Донка, по татко ми, исто, никако непржено.
И така за појадок или вечера, прженото сирење, прво на листата, цел живот 🙂


Но како врват годините, почнавме да го подготвуваме и како најубавиот бугарски рецепт од рестораните, сирне под капак, во рерна 🙂
Поздраво е секако, па си развив многу варијанти.
Дозите се за едно тавче, за една особа.

Состојки

  • црвена пиперка
  • пржаљка/каврџик пиперка
  • лукче
  • магданос
  • неколку тенки парчиња сирење
  • изрендан кашкавал
  • јајце
  • сол, триена сол, црн пипер, буковец…

 

Постапка

  1. Пиперките се сецкаат и се редат на дното на мали тавчиња, за секој по едно тавче, се мешаат со лукче, магданос и зачини.
  2. Одозгора се редат тенки парчиња сирење, па пак малку пиперки. Се пече колку да се истопи сирењето.
  3. Се вадат тавчињата, се ренда кашкавал одозгора и се става јајце на средина.
  4. Се допекува по желба, а се посипува со зачини на крај.

Ова може да биде и главен оброк, со салата од домати, превкусно е.
Да се внимава на солта, ако сирењето е посолено, поубаво е да се одсоли малку.
Пријатно!

 

 

Топено сирење

 

[gallery_one id=”11493″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply