Турската пица, која ја нарекуваат пиде, има форма слична на пастрмајлијата.
Се полни најразлично, секој по свој вкус, разни комбинации…
Еве една моја варијанта.
Состојки за тесто
- брашно по потреба
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 1 сув квасец (вообичаено до 700 гр брашно најмногу, за повеќе брашно, ставам 2 ќесички)
- 2 лажици маслиново масло
- вода половина од брашното
Состојки за полнење
- маслиново масло
- кулен
- црвена пиперка
- зелена пиперка
- маслинки
- млад кромид
- кашкавал
- 1 лажица маслиново масло
- чурекот
Постапка
- Ставете го квасецот со шеќерот во млака вода да стаса.
- Во еден длабок сад за месење, ставете го просеаното брашно.
- Додадете ја солта, маслото, квасецот, водата и замесете меко тесто. За меко тесто, секогаш треба половина вода од брашното, а може и малку повеќе.
- Оставете го покриено да нарасте.
- Потоа, по потреба, направете неколку топчиња, може две, може 3 или четири, зависи колку големи сакате. Расукајте ги во елипси. Јас направив едно огромно пиде, едвај го собра во плехот.
- Потоа премачкајте ги со маслиново масло.
- Наредете ги состојките како сакате, не мора да ги редите симетрично, и онака кашкавалот ќе ги покрие сите состојки.
- Превиткајте ги страните, а краевите растегнете ги и завиткајте ги на една страна. Превитканите страни премачкајте ги со масло и наросете ги со чурекот.
- Одозгора ставете рендан кашкавал и печете на 220 °C до сакана боја.
Сервирајте со салата и уживајте во превкусното пиде.
Куленот ми се истопи, пушти лут, црвен пипер, што да ви расправам, превкусно. Тестото преубаво, беше останало едно парче, исто си остана цел ден, крцкаво, а меко внатре 🙂
Пријатно!
[gallery_one id=”4603″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]