Чорба од бел зеленчук

Чорба од бел зеленчук
Чорба од бел зеленчук

 

Тогаш кога ја правев оваа чорба, знам дека правев и бело пире, па зелнкасто пире, здрава храна, према потребите 🙂 Пире или крем чорба, нема разлика, здрав зеленчук е важно, може малку поводена да е чорбата. Пирето го користам како прилог на многу работи, не само на месо..
Е сега јас не сум нутриционист, си признавам 🙂 , и не можам да ви кажувам ништо повеќе од она што е основно, што го знаеме, и што го има на интернетот кој е полн со стручни текстови ама и нестручни, затоа внимавајте! Многу е важно компетентни лица да ве советуваат.

И така тој ден, правев бела чорба, крем чорба од бел зеленчук, ама на сликте не е бела 🙂
Има она нијанса на зеленко од целерот, од празот, ама ептен џишнала сликата 🙂 Ех кога немам професионално светло, така е 🙂

 

Состојки

  • праз
  • зелка
  • кељ
  • кромид
  • тиквичка лупена
  • лук
  • целер
  • карфиол
  • ленено семе
  • сол, бел бибер
  • маслиново масло
  • лимонов сок
  • морков за украс
  • мускатно оревче

Постапка

  1. Се зоврива вода со сол и масло, се сецкаат измиените состојки и се додаваат, се варат покриени.
  2. На карфиолот му треба малку варење, ставете го подоцна.
  3. Изблендирајте ги состојкте, додадете зачини, ленено семе и лимонов сок.

Сервирајте со рендан свеж морков.
Преубава е, вистина е преубава мојата бела, а зелена чорба! Има посебен шмек од мускатното оревче.
Пријатно!

 

Чорба од бел зеленчук

[gallery_one id=”6852″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

 

Leave a Reply