Ете ги и швајцарските шпецли, најчесто ги комбинираат со дивеч,зајак, гулаш…
Превкусни се во било која комбинација.
Состојки
- 300 гр брашно
- 1 мало лжиче сол
- 3 јајца
- 1,5 дц вода и млеко
- 1 лажица зејтин
- плус сол за водата
Постапка
- Се мешаат состојките, треба да е потечна смесата.
- Се покрива и се остава 30 минути.
- Во големо тенџере се зоврива вода со сол по желба, одозгора се става капак за цедење и се става од смесата која протекува низ отворите. Кога ќе испливаат на површина, готови се и така се прави за секоја тура. Токму такви се продаваат, како свежа паста.
- Потоа се пржат 5 минути.
Ви дадов рецепт доколку сакате да си направите сами, овие на сликата само ги испржив, но еден ден ќе си направам домашни.
Овој пат ми беа сервирани со риба што не е честа комбинација кај нив, но баш ни се допадна.
Пријатно!
[gallery_one id=”4359″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]