Шкето

Шкето
Шкето

 

После прејадувањето од Велигденските гозби, потребна ни е чорба, нешто воденесто 🙂
Традиција во Струмица е да се јаде шкето во денот после празникот.


Инаку Бежанците во Струмица имаат јадење под исто име Шкето, печена тава со многу млад кромид и јагнешко. Во моите рецепети нивното шкето ќе го имам како Печено шкето за да биде појасно.

Состојки

  • млад кромид повеќе
  • морков (не е обавезен)
  • 1 китка магдонос и повеќе
  • сол
  • црвен пипер, црн бибер
  • јагнешко месо како за чорба

Постапка

  1. Подгответе го јагнешкото за варење. Некои го пржат, како милувате.
  2. Некаде на половина време од варењето, искинете го на мали парчиња и додадете ги младите кромидчиња исечени ситно, изренданиот морков, црвениот пипер…
  3. Кога ќе биде сварено наместо запршка со брашно, испасирајте дел од содржината. Кој сака нека си запржи брашно.
  4. Нека вари уште 5 минути за да добие малку густина, додајте сол по желба и црн бибер.
  5. На крај додадете ја китката магданос, ситно исечена Ако сакате магданосот додадете го порано, но јас не сакам кога е многу сварен.
    Некои сакаат погусто, некои поводенесто, јас сакам воденесто, како тенка чорба, каде доминира магданосот.

Комбинацијата на јагнешкото прави преубав освежителен вкус на чорбата, а може да ја направите како манџа со додатоци по желба, има фотографии (пиперка,тиквици…правев за УН диета)
Значи може да биде чорба или манџа, како сакате, грешки во кулинарствито нема, има вкусови 🙂
Мојата варијанта е многу здрава 🙂
Битно е да се сочува главната нота, јагнешко, многу магданос, млад кромид, а другото е по желба.

Добар апетит!

[gallery_one id=”6166″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply