Јагнешка каварма со спанаќ и ориз

 

Еве една јагнешка тава која се прави брзо. Потребно е јагнешко филе кое се пржи кратко, сочно и меко е, на скара или грил тава, преубаво е.

Јагнешкото велат најмногу оди со спанаќ… Одиме…

 

Состојки

  • 500 гр јагнешко филе
  • 500 гр спанаќ, по желба може и многу повеќе
  • млад кромид
  • 5 јајца
  • 250 гр кисело млеко
  • 1 кафено филџанче ориз
  • сол, црн бибер,црвен пипер, сушен зачин
  • зејтин

Постапка

  1. Се пржи младиот кромид, се додава спанаќот, па оризот, се пржат со мешање… Подоцна се додава малку вода колку оризот да се свари, иако од спанаќот ќе се пушти вода, се задушува.
  2. Во длабока тава се реди спанаќот со оризот, зачините, водичка. Се става на печење.
  3. Во друга тава се пржи месото на парчиња, покриено.
  4. Потоа се матат јајцата, се додава киселото млеко, сол по вкус и се става во тавата врз спанаќот кој е веќе запечен, но само половината.
  5. Одозгора се реди месото и се додава другата половина од јајцата.
  6. Се пече додека јајцата бидат готови.

Спанаќот се запекува многу брзо, а исто и јајцата. Затоа тавата ја сакам, многу брзински стасува, а за вкусот што да ви кажувам, морате да пробате 🙂

Пријатно!

[gallery_one id=”4845″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply