Пролетта во кујната мириса на капами, полнети плешки, дроб сарми, полнети сплини, кукуречи 🙂 Многу ги сакам овие јадења, ме потсетуваат на детството, на едни среќни времиња…
Си ги правам и овде, освен кукуречот, нема такво нешто да се купи, порача, или уште не сум нашла, не знам.
Правам неколку варијанти на јагнешка капама, со ориз, со спанаќ, со компир, мешано…
А сега со млад кромид и магданос.
Најважно за капамата е да е задушена, во покриено тенџере или тава, тесто.
Може на рингла, може во рерна.
Вкусот на младото кромитче кое доминира, во комбинација со јагнешкото е пролетно јадење на кое ретко кој може да му одолее, посебно затоа што е малку чорбесто, може да се јаде со лажица и е добредојдено после празниците.
Состојки
- 450 гр јагнешко месо
- млад кромид повеќе
- 2-3 чешниња лук
- 1 голема лажица брашно
- сол, црвен пипер, сушен зачин, црн пипер, дафинов лист
- зејтин
- магданос
Постапка
- Месото, ако ви е пресно, згответе го по желба, пржено или варено. Јас имав јагнешко од плешката, значи печено, го расеков и го тргнав на страна, зашто нема потреба од почеток да биде ставено во рерна. Зависи какво е мевцето и како сакате најмногу да го приготвите, зашто има помеко и она кое бара подолго подготвување…
- Сега подгответе го младиот кромид и лук, ситно и тенко исечено.
- Ставете ги во тава за печење. Додадете зачини, брашно во ладна вода растворено, зејтин, вода.
- Промешајте, пробајте на вкус. Нека се пече покриено, задушено, на тивко, внимавајте на водата.
- После 40 минути треба да е готово за првата фаза, откријте, ставете ги парчињата месо, магданосот, промешајте, ако треба додадете вода и вратете го на печење, непокриено.
- Ќе се направи прекрасна кашаста манџичка со преубав пролетен вкус и арома.
Ова може да го правите и на рингла, исто задушено.
Месото може да го ставите директно во тава или тенџере, ако е пресно и меко.
Е па воила, само бајаги лепче треба со капамата 🙂
Претпоставувам дека секое семејство прави по свое, има друго име можеби, љутиш нема на тоа, сите се убави 🙂
Пријатно!
[gallery_one id=”6418″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]
Прекрасен ручек. Навистина кујната мирисаше на пролет… Преубаво
? за Вас Г-ѓа Весна
Draga Sanja, prosti što tolku dolgo čekaš…Pišuvam recepti, ama cel den se blokira blogot.
Prekrasna vi e kapamata, me raduva što vi se dopagja! Bravo!
Pozdrav 🙂