Знам дека кај нас нема вакво филе, многу поразлично е јагнешкото месо, ми требаше време да се навикнам. На ова јагнешко му треба само неколку минутки да се испржи, а исто вкусно е многу, нема трунка масно, нема неколку часови печење.
Овој пат го комбнирав со еден нов сос, пробајте, преубаво е 🙂
Состојки
- јагнешко филе по потреба
- 3 моркови
- 2 црвени пиперки
- 2 каварџик пиперки
- 3 големи чешниња лукче
- 2 лажици пченкарно брашно
- сол, црн пипер, сушен зачин, црвен пипер, рузмарин
- зејтин
Постапка
- Морковите и пиперките се сечат на долги стапчиња, се сече и лукчето на тенки ливчиња.
- Се пржат убаво, како печени, на капка зејтин, а потоа се додава малку водичка и пченкарно брашно, се динста до омекнување.
- На крај се додаваат зачините.
- Кога е при крај сосот, се подготвува тавче за месото, се мие, се засекува и се пржи од двете страни на 7 или 8, да се испече всушност.
Се сервира со сосот. Месото може да се подготви на грил тавче или на скара, уште поубаво е, само да се внимава да не се исуши, треба да остане сочно, а и розикаво. Сосот е преубав, доминира вкусот на лукчето и биберот.
Уште еден брз оброк, не одзема многу време, комбинацијата е превкусна. Можете да приготвите и ориз, по желба.
Пријатно!
[gallery_one id=”12129″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]