Едни од најпопуларните ќофтенца после месните, сите ги сакаме. Ги правам во неколку варијанти, но во основа е истото. Здрави, уште поздрави ако се печени, ви го препорачувам овој рецепт, од срце.
Состојки
- 3 тиквици
- 2-3 чешниња лук
- 1 кришка сув леб
- 4 лажици палента
- жолчка
- сол, црн бибер,сушен зачин,магданос
За пржење
- јајце
- лебни трошки
- зејтин
Постапка
- Тиквицте се рендат и посолуваат.
- Кога ќе ја испуштат водата, се цедат.
- Лукчето се пресира, лебот се става во вода, па потоа се цеди…Се додаваат сите состојки, се мешаат и пак се оставаат ако има вода да истече.
- Се прават топченца, се увалуваат во лебни трошки и во јајце, се пржат на средна температура.
Мене воопшто не ми впиваат зејтин, прекрасни се, крцкави, ароматични…
Најчесто ги комбинирам со сос од мајонез, сенф, кисело млеко, лукче…Но може и со сос од домати или кашичка.
Пријатно!
[gallery_one id=”9252″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]