За мене најбрз ручек е пржено месо, ем вкусно, ем лесно. Но за да не биде секогаш исто комбинирано, еве малку поинаков гарнир за месо, всушност сос.
Овој период кубурам со времето за пишување рецепти, но и со време за готвење. Приоритетите се сосема поинакви и ми останува многу малку време за во кујна. Како и да е, се снаоѓам некако.
Е кога е пржено месо во прашање, веќе долг период, не го јадеме со компир или ориз, (така вели УН диетата), посебно јас, а за Мишел може, може 🙂
Па така, ем за промена, ем поздраво, гледам да направам некој вкусен, нов сос.
Овој е многу едноставен, а за гурманите може да биде и лутичко.
Состојки
- 3 моркови
- 2 црвени пиперки
- 2 каварџик пиперки
- 3 големи чешниња лукче
- 2 лажици пченкарно брашно
- сол, црн пипер, сушен зачин, црвен пипер, рузмарин
- зејтин
Постапка
- Морковите и пиперките се сечат на долги стапчиња, се сече и лукчето на тенки ливчиња.
- Се пржат убаво, како печени, на капка зејтин, а потоа се додава малку водичка и пченкарно брашно, се динста до омекнување.
- Се додаваат зачините и се сервира со месо, јагнешко, свинско, телешко, пилешко, по желба.
Сосот го препорачувам, ептен е вкусен е, едвам успеав да го сликам, брзо отиде 🙂
Доминира лукчето и вкусот на пиперките. Можете поинаку да го исечете зеленчукот, тоа не е обавезно, се разбира.
Пријатно!
[gallery_one id=”12145″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]