Бел солен ролат

 

Кога го видов овој ролат прв пат, веднаш го направив зашто поубав ролат немам видено, секоја чест на креаторот.
Задоволна сум, ништо не би менувала, превкусен е како што е и преубав за око.
Оригиналната фотка ме воодушеви, а мислам дека ролатите прописно ги измалтретирав со моите фото сесии.
Направив два ролати, значи дупла доза, еден со обојување на крем сирењето со сок од цвекло и другиот ролат со подварен спанаќ и сафран.
При фотографирањето убавата боја од цвеклото не ми се појави. Следниот пат ќе ставам повеќе. Инаку оригиналниот рецепт е со боја од црвен пипер.
Дозите се за еден ролат.


Состојки

  • 4 белки
  • 1/2 лажиче сол
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажица афионово семе
  • 6 парчиња шунка
  • малку сок од цвекло за едниот ролат и сафран за другиот
  • малку подварен спанаќ за едниот ролат со сафран
  • 200гр крем сирење или густа павлака помешана со сирење

Постапка

  1. Најпрво подгответе го крем сирењето или сирење помешано со густа павлака за да се сече подобро.
  2. Поделете го на два дела филот, во едниот дел додадете боја по желба, како црвен пипер, сафран, сок од цвекло, подварен спанаќ, брокула и сл. (Во првиот ролат, во филот има спанаќ и сафран, а во вториот ролат -розевиот, ставив сок од цвекло).
  3. Се матат убаво белките со солта, на крај се додава брашното и афионовото семе.
  4. Се меша со лажица и се става во плех обложен со хартија со димензии 23 на 30 цм.
  5. Се пече само 10 минути на 180 степени.
  6. Се вади од рерна и се става врз влажна кујнска крпа за да се замота ролат.
  7. Се остава да се олади потполно и потоа се мачка филот.
  8. Прво се мачка едната половина од крем сирењето, па врз него се редат 6 парчиња шунка, едни до други, 3 во горниот ред, 3 под нив.
  9. Врз шунката се става вториот дел од крем сирењето(со сафран). Се витка во ролат и завиткан во фолија се остава во фрижидер убаво да се стегне.
    Поубав ролат немам видено и јадено. Може да си ставите фил по ваша желба, битно е тестото.
    Толку се убави што исчезнуваат за час.
    Пријатно![gallery_one id=”5339″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

 

2 thoughts on “Бел солен ролат

  1. Moite rolati po tvojot recept:)
    preubavi , so mala utka vo pecenjeto ( pecev vo plehot od sporetot,Ama Koga mi Tekna kasno bese, kako i da e prevkusni se )
    Ti blagodaram za prekrasniot recept Vesna ?

Leave a Reply