Бомбици од урда

Подготвувајќи ја летната даска, сакав да направам мали бомбици, солени, онака мераклиски, но и здрави. Изборот падна на оризови, со палента и со урда.

Можете да ги направите и со друг полнеж, но овој пат тие со урда, беа со пиперки и магданос, мојот омилен фил, пиперки, пиперки…

 

Состојки

  • урда
  • сол
  • пиперка црвена
  • магданос
  • ленено семе

Постапка

  1. Тие се прават најбрзо. Посолете ја урдата, може да додадете зачини по желба, јас не ставив друго, но може пресовано лукче.
  2. Исецкајте ја пиперката и магданосот.
  3. Земете парче од урдата, сплеснете го, на средина ставете парченца пиперка и магданос и направете бомбица.
  4. Посипете ги бомбиците со ленено семе.
  5. Ставете ги во фрижидер и кога треба да ги послужите, извадете ги.

Дозите прилагодете си ги, нема грешки во овој рецепт 🙂

Летната даска може да ја видите овде.

Пријатно!

   

[gallery_one id=”10664″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply