Димена пастрмка-канапе

Розе пастрмката, чадена, е таа ми е најубава, езерскиот ген ми работи, што да чинам.
Ова е свежа, не е сува димена.
Рецептот си е за предјадење, канапе рецепт всушност, но што ако ве фати криза навечер? Кој вели дека е en entrée? Mais comme vous voulez :-), а за среќа овде не е скапа!

Класичен, едноставен рецепт, за две минути имате неверојатен гриз! Неверојатен вкус!
А моите лични Ивини момички ги правам за да не јадам 🙂 Така занесена, занесена, каснувам само малку. А и жал да ти е да ги растуриш…Ги правам често, како заштитен знак станаа. Предизвик ми се да ги направам баш од сите состојки.

Состојки

  • канапе леб или обичен леб за сендвичи, тост леб
  • розе свежа димена пастрмка
  • мајонез со лимон
  • малку магданос, малку свежо нане и бел бибер

Постапка

  1. Подолго пишувам отколку што се прави. Ставете мајонез во длабоко чинивче, додадете ги зачините, направете фил.
  2. Премачкајте парчиња леб по желба, може триаголници или мали канапе лепчиња. Искрено, на тост леб ми е највкусно, грев, не грев…
  3. Одозгора се става лист од рибата, тенко, тенко, ама преубаво.

Постапка за Ивините момички (рецепт со слики)

  1. Направете круг со некој калап за колачи во тост лебот.
  2. Остаткот од лепчето исечете го на мали парченца и додадете ги во садот со мајонезот и зачините, дотерајте си на вкус, а дотерајте ги и дозите, зависи колку лепчиња ќе правите.
  3. Во калапче кое е директно на чинија за сервирање, ставете го кругот леб на дното, па врз него мајонезот, па пастрмка, пак мајонез.
  4. Извадете го калапот, овој пат без многу притискање, да не се притисне многу рибата, па ставете лист пастрмка најодозгора.

Ете толку од рецептот, а ла минут, ама невиден вкус и личнотија!

П.С А јас си останав со едно мало залче само 🙁

 

   

[gallery_one id=”6795″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply