Ich mash

Ne ste ja pogrešile stranicata, makedonski e i ovoj naslov, samo na dijalekt i toa strumičko-dojranski 🙂
Vo edno dalečno vreme, 1916 godina, imalo masovno naseluvanje vo Strumica od Dojrančani…
Razvien dosta vo toa vreme, ubaviot ezerski grad Dojran, bil zapalen do temel, ne ostanalo baš ništo 🙁
Site bile evakuirani, najgolem broj se naseleni vo Strumica, vo samiot grad, a i naokolu vo selata…
Moite baba i dedo bile deca, go napuštile Dojran so svoite semejstva togaš, se naselile vo Strumica…(za toa ke pišuvam vo Blog kategorijata, naskoro…) Continue reading “Ich mash”

Pečen leten pinđur

Vo momentot na blogot, latinicata i kirilicata, borba vodat 🙂
Gi koristam i dvete, a toa mnogu mi preči, no ovoj period mora da bide taka, ke se stabilizirame naskoro, se nadevam…

Bi sakala da vi go dolovam mojot leten, pečen pinđur…
Imam nekolku varijanti, da počnam so ovaa…
Lesno se pravi, so dobra organizacija i brzo.
Dominiraat domatite, koi ni se neophodni vo leto, koga gubime mnogu tečnosti na toploto sonce… Continue reading “Pečen leten pinđur”

Сите мои мусаки-Мусака со модри патлиџани

Има разни мусаки, но струмичката со модри патлиџани е нешто посебно, би сакала да ја пробате. Досега не сум видела и ова наше јадење да е објавено од други. Го објавив многу одамна и се сеќавам на убавите реакции…
Има две основни работи за оваа мусака, повеќе зејтин и сочни домати. Во последно време користам маст и многу сум задоволна, испадна дека е најздрава 🙂
Понекогаш ја правам со маслиново масло кога ме опседнува поздравата храна. Continue reading “Сите мои мусаки-Мусака со модри патлиџани”

Cenata na blogot


Dragi moi, sakam so vas da spodelam nekolku raboti vo vrska so blogot…


Maž mi go pravi so seta ljubov, iako toa ne mu e specijalnost, prv blog mu e, moraše da čita, pa da go pravi. Toj e stranec i našiot jazik go podrazbira, no e daleku od pravopis i gramatka…
Za ovoj blog, ne spieme, ne jademe, ne odmarame, so denovi…
Isprobuvame razni varijanti dodeka da go najdeme vistinskoto…
Koga maž mi raboti sam, nastanuvaat mnogu greški, a grešam i jas, sekako, daleku od doma…
Seušte tragame po vistinskite bukvi, fontovi, dizajni, organizacii…
Ve molime za razbiranje za site greški, blagodarna sum na vašite korekcii ♥

Слатко од лубеница

Еве стаса и слаткото од лубеница, кое е навистина преубаво…
Замислете ги креденците полни со тегли од најразлични слатка и како што сите знаеме, изнаредени што повисоко, за да не ги дофатат децата…
Слаткото било пред сé за гости, а и денес слушаме анегдоти во секое семејство, згоди и незгоди со изеденото слатко, кое требало да пречека и отсрами пред многу народ.
Потоа дојде некое ново време, во 80 и 90 купувавме од зелениот солунски пазар…
Беше чудно некое време, кога стана модерно да се вели, јас не сум по кујната, за среќа брзо помина…
Мене не ме фати таква мода никогаш, но слатката навистина почнав да ги правам многу покасно.
Мојата мајкичка правеше, ни даваше…
Сé во свое време, почнав да ги правам едно по едно…
Слатката ги сликам многу, ме фасцинираат, играта на светлина ме воодушевува, не сакам да бидам досадна, но мислам на блогот е одлично организирано ако не сакаш да ги гледаш сите фотки, не мораш 🙂

Има повеќе рецепти, а за старинскиот начин важно било да се стави малку оцет при првото варење. Според еден друг рецепт лубеницата се ставала во варова вода. Кој и да е рецепт, со една или многу води, слаткото е навистина и за пред гости, оти денес си правиме повеќе за себе…

Continue reading “Слатко од лубеница”

Ивини момички со ориз и авокадо

Приказната за Ивините момички е од времето кога дојдов да живеам во Швајцарија.
Забележав еден метален прстен кој беше полнет со овошје, во Мигрос беше и ми се виде многу интересно…Не сум многу по овошјето, па веднаш смислив да пробам со варен зеленчук. И така се родија првите момички, од морков, компир, цвекло…
Подоцна им го дадов тоа име зашто ме потсетуваат на Ива со разиграните другаркички… Continue reading “Ивини момички со ориз и авокадо”

Бомбици со ракчиња

Да не биде само струмичка кујна, еве еден прекрасен рецепт, нешто ново…Не знам дали би ми паднало на ум оваа комбинација ако не видов нешто слично на Интернет, па си го прилагодив на мојот вкус… Ме привлече, што друго, ако не пиперката…
Рецептот е всушност тајландски, но ме изненади колку ни е блиска комбинацијата, освен ракчињата…
Сосот беше сосема поинаков, останав на наши вкусови, може другпат да пробам…

Ги правев многу оддамна, па си чекаат стрпливо како и многу други рецепти, необјавени сеуште…

Continue reading “Бомбици со ракчиња”

Диња со сирење, пршута, пинџур

Веќе објавив како ја јадеме лубеницата. На ист начин ја јадеме дињата, а и грозјето, секогаш со сирење и лепче.
Има уште еден начин за дињата, кој е дојден многу покасно, кој се одомаќини кај нас како и на многу други места, со слични клими на медитеранската.
Уживајте во секое време со овие преубави комбинации…
А да, со ова, Струмичани наздравуваат со мастика, онаа нашата, најубавата, мразна, замаглена од ледените ѕвездички…
На здравје!

Continue reading “Диња со сирење, пршута, пинџур”

Лубеница со сирење

По потекло сум Струмичанка, цел живот ја готвам струмичката кујна и ги знам нејзините вкусови и старински рецепти…
Сакам моите рецепти, со љубов да им ги пренесам на идните генерации и да ги спасиме од заборав…
Чувар сум на нашата традициционална кујна која многу ми значи и се радувам ако тоа го препознаам и кај други луѓе.

Струмичката кујна е многу интересна, уникатна, многу поразлична од било кој друг крај во Македонија и затоа ставивме посебна категорија за неа.
Се радувам што мене ми се падна таа чест да ја сочувам нашата струмичка кујна од заборавот, така некако испадна, а ништо не е случајно.

Веќе имам објавено многу рецепти од струмичката кујна, посебно е важно што тие излегоа од македонската територија, но ќе ги има уште и ќе ги ширам уште подалеку….

Сега, во длабоката врелина на летото, сакам да ви кажам како ние Струмичани јадеме лубеница.
Ова и не е рецепт, но е комбинација која ви ја препорачувам да ја пробате сите што не сте пробале досега. Ми се јавија многу луѓе кои ми кажаа дека баш на овој начин ја јадат и во Велес, Македонци во Австралија од битолскиот крај, а некои си направиле индивидуален избор…

Лубеница со сиренце, лепче, а може и пинџурче, навистина е нешто посебно.
Благо – солениот вкус е преубав, многу освежителен за горештините.
Најчесто се јаде во летните приквечерини, кога денот умира, за да се јави уште посветол, утредента. Затоа лубеница може и за појадок, а со пинџур е одличен главен оброк, кога ништо не се готви, кога го гледаш асфалтот а тој се лелулае магловито, па ти се врти, ти се чини нешто ќе почне да гори, нема пламен, а гори…Баба ми велеше: Огин врне синче, вонка…
Е кога огин врне вонка, земете си ладна лубеница и сиренце, ништо друго не ви треба!
Добар апетит!

 

Continue reading “Лубеница со сирење”

Загребачка торта

Здраво, драги мои

Направив мала пауза, одиме понатаму 🙂
Добив прашања, зошто пишувам на латиница…
Живеам во странство и претендирам блогот да го видат и во други земји, надвор од кирилицата.
Ако е на кирилица, тоа е невозможно…
За името на страницата, тоа мора да биде на латиница, бидејќи имам лошо искуство со страницата за готвење, а еве гледам и други се префрлаат.
Внатре, може да пишувам и на кирилица, да, тоа ќе зависи од веќе објавените рецепти, кои ќе ги копирам или вака со цело срце, за нашиот преубав јазик.
Не сум официјален македонски блог кој претендира повеќе од тоа што е, немам обврска да го користам само нашиот преубав литературен јазик, тоа им го оставам на други, компетентни луѓе.
Едноставно, ова е блог за рецепти и ќе ги има и на дијалект, можеби, што да не…

Ве молам за разбирање, целта е да се сочуваат рецептите, да се пренесуваат понатаму, заедно да учиме за готвењето и мојата лична цел за Ива….

 

А сега за денешниот рецепт…
Секој има своја торта, многу градови и земји имаат…
Пробав многу торти во мојот живот, но ниту во минатото, ниту сега во туѓина, ми се допаднале други торти како Васина и Загрепска торта…
Постои и трета, Ивина чоколадна торта, која веќе многумина ја знаат и за неа ќе пишувам другпат.

Двете торти ги сакам зашто имаат старински вкус, незаменливи се.

Мојата Загрепска торта потекнува од 80 години, рецептот беше од Народен Кувар, југословенски, а ми го пратија моите и во тоа време беше врвен специјалитет.

Бев заборавила на оваа торта, но мојата колешка и пријателка Мери Ичова, ме потсети, се сеќава на оваа убава, моја торта од 80 години во Струмица… Благодарам Мери!

Јас сум емотивно врзана за Загреб, татко ми студираше во Загреб, а јас бев родена.
Можете да си замислите, дете сум на огромна љубов, а Загреб многу далеку во тоа време…
Покрај македонската музика, пораснав и со далматинските песни кои татко ми ги свиреше на гитарата и преубаво ги пееја со мајка ми… На Ива и ги пеев кога беше мала, ги сакаше и таа…
Многу ја сакам Хрватска, цел живот сум поврзана со неа, а таму го сретнав и мојот сопруг, чудни се нашите патишта…

Оваа торта нека биде во име на таа љубов, на убавината која татко ми ни ја донесе од таму во почетокот на 60 години, напредните сфаќања и едно поинакво воспитување на што сум многу благодарана.
Со цело срце им ја подарив и на Coolinarika.

Continue reading “Загребачка торта”