Нашите нови садови, здрави ли се?
Се надевам еден ден ќе имам време да пишувам за некои умни работи, а не за вакви информации.
Но ете, таков е моментот…
Би сакала да се пожалам на земјаните садови. Ги сакам, готвам и сервирам во нив.
Еден ден посакав да ги заменам најстарите и оштетените…
Со сет мерак купив во Македонија неколку.
Набргу на некои од нив се појавија чудни бои, како да се мокри, иако ги сушев во рерна, секогаш пред да ги оставам во плакарот.
На најомилената тава, се појави најмногу зеленкаста боја…
Еден ден ми притреба едно мало грне, кога што да видам! Целото во мувла!!! Од памет се извадив!
Маж ми го изми сто пати, и со оцет, а јас лута и распаметена, се прашував како е можно?
Ние немаме таква влага, иако сме на езеро…
Пред некој ден прочитав дека ако во глината имало мувла, таа ќе се шири и во садот…
Стварно не знам што да речам, но и ги спакував на жената од која ги купив, и имам нмера да и ги вратам!!!
Внимавајте, јас се подлажав по форма каква ми требаше, верувајќи дека сите се подеднакво квалитетни. Редовно купувам од таму, ми се видоа чудни некои бои, но баш такви форми ми требаа, а и жената ми ги посочи тие како најдобри…
Сега се покажа дека боите се мувла!
Не сликав од распаметеност! Како, како е можно такво нешто????