Уште сме кај компирот… Еве една преубава комбинација со праз 🙂
Месец: м.г
Компир на кришки
За љубителите на компирот еве еден наједноставен начин, вкусен и декоративен компир.
На француски е gratin, но обавезно со некој крем, а сега и кај нас е актуелен компир хармоника, во сите варијанти…
Секогаш и секаде, ако не е компир, патати ќе е, обожуваме 🙂
Моите кекси
Неодамна без воодушевена од едни бисквити и ме фати мерак да пробам да ги направам сама. Немам рецепт, но состојките воглавно се напишани на опаковката. Малку импровизирав по мој вкус и задоволна сум многу, за мене тоа се едни од најубавите кекси кои сум ги пробала воопшто.
Не знам кој е вистинскиот збор за кекси како овие, ние така велиме дома.
Тримери-сарма со ореви
Денес во Струмица е Тримери, ден кога се оди кај армасаната девојка…
Текстот подолу го презедов од Интернет.
Јас само би додала дека кај армасаната порано одеа и во вторник навечер кога беа карневалите. Армасаната девојка треба да го препознае својот маскиран армасник меѓу сите што дошле, па така се случуваат многу анегдоти, има многу радост и смеа…
Не знам дали уште се практикува тоа, зашто сега редоследот на работите е поинаков или грешам…
Сé започнуваше со детскиот карневал на Прочка. Потоа чист понеделник и бел грав, па во вторник вечер карневалот, посета на армасницата и во среда Тримере, ручек кај армасаната…
Не знам како се сега адетите, зашто се додаде маскенбалот кој е од поново време во сабота или петок и се изгубив веќе, кога што беше…
Немам Интернет оваа недела, пишувам од кафетерија, набрзина, се извинувам за сите можни грешки, ќе поправам кога ќе можам.
Како и да е, оваа традиција сите Струмичани ја носиме во срце, пораснати сме со неа и на светот му покажавме што можеме.
Евлија Челебија пишувал за овие чудесни денови и ноќи во Струмица, а магијата ја знае секој Струмичанец.
Не сум била многу пати на Тримери, така испаднало, но од ум не ми излегуваат синиите покриени со бовчи, свилени и везени кои кријат прекрасни посни јадења…
Гравот и сармата се главни за тримерскиот ручек, покрај сите подолу наведени, ги готват мерфетлики жени, но начинот на кој се сервираат е за посебна пофалба.
Сета креативност доаѓа до израз, секоја година нешто ново, а сепак со сета почит кон традицијата.
Браво мои Струмичани! Продолжи со читање “Тримери-сарма со ореви”