Кифлички од кори

 

Не знам како да ги наречам, ги видов под различни имиња, различни рецепти, па направив моја варијанта.
Употребив два типа на готови кори, затоа се различни малку.

Продолжи со читање “Кифлички од кори”

Најновите Ивини кошнички

 

Оваа година решив да направам розева кошничка, па направив две, една помала, друга поголема.

Тестото е розево од цвекло, поточно сокот од цвекло, па немав доволно, потоа ставав и блендирано цвекло.

Многу понежни се во природа, сепак сум задоволна, здравје, поубави догодина 🙂

Основниот рецепт може да го видите овде и овде.

Продолжи со читање “Најновите Ивини кошнички”

Забелени ќофтенца

 

Нема да верувате, но во Струмица оваа преубаво јадење има можеби десет имиња!
Не ни можев да ги запаметам, но се чини секое маало има свое име!

Нашиот рецепт се разликува од другите краишта во Македонија по сосот кој се нарекува “ич” и најверојатно е дојрански рецепт, пренесен во Струмица во минатото, зашто дојранските јадења се забелуваат со јајце и лимон. Но таа кујна е веќе во изумирање, ете младите и не чуле за тој сос, што ја прави струмичката кујна уникатна во Македонија, права медитеранска и затоа гледам да ја сочувам од заборавот. Тој сос се користи за чорби, но и за сарма од лоза, тиквици, полнети пиперки и воопшто за сите долми-дулми.
Па веројатно од овде е и името кое се користи во мојата фамилија-глуу дулма, глува дулма, нешто како гола дулма 🙂
Овој пат оризот ми излезе и ќофтињата се направија како ежиња, баш декоративно, да сакав така да излезат, немаше да ми успее, сигурно. Пргав ориз некој 🙂
Прав пролетен ручек, лесен за правење, но и многу лесен за јадење, по кратко време сте гладни!

Продолжи со читање “Забелени ќофтенца”