Не знам дали некој друг приготвува толку многу модри патлиџани и тиквици како мене.
Ги имаме цела година, вкусни се и веќе не ми се сезонска храна. Обавезно на неколку денови печам цели плехови и ги комбинирам на разни начини, за салати или оброци.
Ден: д.м.г
Печени тиквици со каша
Еден здрав начин за подготовка на тиквички. Крцкави, ароматични, перфектно мезенце…
Сами си се печат, само кратка подготовка и имаме одличен оброк или додаток.
И за тиквиците имам стотици рецепти, таман додека сум жива да објавувам, полиени вака, неполиени онака, печени, пржени, живи, со сос, каша… 🙂
Овде се поинакви, со зелена лушпа се, има мала разлика во вкусот…
Овој рецепт повеќе е за тукашните, зашто нашите се поголеми и помеки, но ако се помали и многу свежи, изводливо е, ми се чини.
Листовите тиквици треба да станат како чипс еден вид 🙂 Продолжи со читање “Печени тиквици со каша”
Млади бамји
Кога ќе излезат првите бамји, па уште ако си во Македонија, што да се рече…
Бамји на сто начини ќе да е 🙂
Богата летна салата
Од летните салати, тиквиците, модрите патлиџани и пиперките ни се најчесто на трпезата, покрај доматите и краставичките. Салатата е здрава, вкусна, богат вкус!