Фусили со сос од зеленчук

За летно време, најбрз, ама и многу вкусен оброк. Одлично оди со зеленчуков сос, кој може да има варијанти…

Најдобро е да извадите од фрижидер она што имате и да го подготвите. Тестенините се варат према упатството и воила, од брзо, побрзо, здравје!

Продолжи со читање “Фусили со сос од зеленчук”

Џем од кајсии со малку шеќер

Е најпосле, мојот омилен џем да го имам со мискимбрето 🙂

Уште е време за кајсиите, нели…

Продолжи со читање “Џем од кајсии со малку шеќер”

Слатко од кајсии

Одморив ден-два, продолжувам 🙂

Кајсиите многу ги сакам, посебно печени во тесто, торта, зашто стануваат уште поубави. Ако се премногу благи, при печењето стануваат красатки, мераци.

Продолжи со читање “Слатко од кајсии”

Ивин колач со кајсии и фстаци

 

Кајсиите со фстаци ми се омилена комбинација, што заради боите, што заради вкусот.
Сакав едноставен и брз колач, со старински лик и вкус, и го направив.
Презадоволна сум, иако користев поголем калап, немам некој голем избор на такви работи овде. Колачот ширеше прекрасна арома низ цело маало.

Продолжи со читање “Ивин колач со кајсии и фстаци”

Ивина диња

Диња и лубеница, главно овошје кога е каникуљ-canicule, кога е претопло и нема свеж воздух, а тоа е после 35 °C. Така е овде. Не знам од каде ги носат, но толку се благи и сочни, баш шербетлии.
Пред осумдесетите немале такво овошје, но ете со увозот, спасени сме сега 🙂

Продолжи со читање “Ивина диња”

Перкии во зелник

На дедо ми

Мојот омилен рецепт, варијанти многу, овој пат само со кромид и доматен сос.
Рипчињата беа испржени, ни останаа, оние од настанот, па утредента нов ручек 🙂

Сличен рецепт може да видите овде.

Продолжи со читање “Перкии во зелник”

Лепче со палента

Леб од палента, француски…

Рецептот го изменив малку, си го прилагодив, а и ликот му го сменив, личен да ми биде 🙂
Мене ми изгледа како солен колач сега, толку е декоративен 🙂 Продолжи со читање “Лепче со палента”

Кнедли со сливи и ореви

Кнедлите беа многу актуелни едно време, па ги подзаборавивме и сега, благодарение на нетот, повторно се враќаат, како и сé друго. Рецептот ми е чиста класика, од тетратката на мајка ми, имам и други, но овој ми е омилен 🙂

Продолжи со читање “Кнедли со сливи и ореви”

Моето варено гравче

ОДА НА ГРАВОТ

Ќе речат, најпросто нешто е да свариш гравче…Дали?
Мислам дека и наједноставните јадења си бараат марифетлуци, снаоѓање, искуство…

Продолжи со читање “Моето варено гравче”

Мифиже

Мифиже или Мафиже се машничките кои го одбележаа нашето детство. Каква радост беше секогаш кога мајка ми ги правеше…
Некако со времето, престанаа да се прават, па и рецептот не е запишан во тетратките…

Продолжи со читање “Мифиже”