Модар патлиџан со пире во 3 бои

Одлично, богато мезе, една од моите комбинации. Овој пат со пире во 3 бои, и за око сервирано и на вкус, преубаво беше 🙂

Continue reading “Модар патлиџан со пире во 3 бои”

Летен посен ѓувеч

Ѓувечот во многу варијанти, посен, со месо вакво, месо такво, печен, пржен…
Овој пат печен, и без многу губење време.
Секогаш кога сакам да се утешам што не се прво пржени состојките, си велам, ами на фурна како било?

Continue reading “Летен посен ѓувеч”

Пинџур од модар патлиџан со кисело млеко

Многу рецепти, многу фотографии, се трудам да ги најдам сите сезонски кои не се објавени…

Continue reading “Пинџур од модар патлиџан со кисело млеко”

Ивини колачиња со модри сливи

Кога бевме мали, мајка ми често печеше сливи со ореви.
Може да биде прекрасно слатко, но исто така и преубави колачиња, ем без речиси никаква работа, а многу вкусни.

Кога се брзате, и немате време да се посветите на кујната, е тогаш се добредојдени, а посебно добредојдени за младите вработени мајки.

Се сеќавам кога Ива беше мала, печев сливи со ореви и јас, само ете, таа генерација ги збогативме колачите и со шлаг, што им дава уште поубав вкус, иако и без шлаг се со посебен вкус.

Continue reading “Ивини колачиња со модри сливи”