СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! BONNE ANNEE!

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! BONNE ANNEE!
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! BONNE ANNEE!

Драги мои посетители на блогот, од срце ви ја честитам Новата 2017 година!
Од срце ви посакувам сите ваши желби најубава реалност да ви бидат!
Она што посебно сакам на секој од вас да ви го пратам како порака е да имате многу, надеж!
И многу љубов!
И многу верба!

Нова година вообичаено ја дочекуваме дома. Имало години кога биле патувања…
Патувањата се убави, и корисни и забавни, нели?
Да се види еден град повеќе, една земја повеќе, ќе ве збогати…
Најубавото за дочек на Нова година на такви патувања е всушност програмата која е на понуда во некој ресторан, како во Грција или Турција, на пример, умеат тие…
Или концерт на отворено или во сала, сеедно..
Колку помаштовити домаќини, толку поубава вечер…
Да се види нешто ново, нешто недоживеано, средба со други култури, за мене е убав дочек 🙂

Но дочекот на Новата година треба да биде со семејството!
Можеби не толку колку Божик и Велигден, но сепак најубаво е да се прославува во кругот на саканите.

Во тие свечани мигови, со нас се и оние сакани кои веќе го напуштиле земскиот живот и патуваат низ светлината…Не сакам да ве растажувам, напротив, сакам да ви речам да верувате дека и тие се со нас, колку и да звучи неверојатно…
Но тоа е ноќ кога веруваме во чудеса и магичност, нели?
Да веруваме!

И во топла домашна атосфера, секогаш си подготвуваме традиционални наши јадења.
Не се буни Мишел, баш му се допаѓа.

Не подготвуваме количински многу, но секогаш правиме неколку разноврсни јадења, како мезе, од сé помалку…
Се потрудивме да направиме видео, ова е предлог за новогодишно мезење пред екранот.
Неколкуте салати за кои ќе ставам накнадно рецепти, ви ги предлагам како одлични за оваа вечер, редена салата, кралица салата, печени пиперки со лук и ореви, розева салата со цвекло и ориз…
Тука се и кифличките, мафини и преубавата грицкава елка.
Секако и еден ролат кој не се пече и одлично оди со целото мезе.
Овде се и неизбежните Ивини момички <3
Уште едно предјадење, телешки јазик и тоа македонски, ами како, кој е мој најнов рецепт 🙂
И на крај што ако не, главното јадење, сармата со свинско во средина.
За десерт Бел комисброт, бајадера, бомбици…
Од сé помалку 🙂
Уште од времето на Новите години со моите родители, практикувам разноврсни јадења, дали е по струмички или дојрански, не знам, но едно знам, како и сите Македонци, без сарма, мајонез салати и кифлички, не може да се чека Новата година…
Со надеж сум дека сите луѓе ќе имаат да каснат во овие ноќи…
Со Ива ги правевме редовно за секоја Нова година кифличките, соленки наречени по струмички… Виткавме соленки заедно од нејзината најмала возраст…
Радоста почнува со подготовката за дочек со саканите, за саканите…

Од сé помалку, со љубов, од нас, за вас, прелог за новогодишна трпеза <3
Кликнете на видеото 🙂

 

Напишете коментар