После една долга пауза, еве ме повторно. Беше и би селидба 🙂 Срцето на место, живи здрави, ќе раскажуваме долго, долго…
Категорија: Desert
Колач со сливи и ореви
Во сезоната на сливите, еден колач, преубав, превкусен, старински.
Е, само што ми се случи да немам прашок за пециво, ееех, мене тоа да ми се случи…
Агнеса, кралица на ситните колачи
Агнесата има многу имиња, прекрстувана е многу низ годините, а и по малку менувана.
Често се среќава како месечинки, или само до жолтиот фил, со поинакви имиња, не ги знам сите…
Оригиналниот рецепт е многу стар и треба да ги има трите делови, тесто, жолт фил, па чоколаден фил и посипано ореви.
Кокосовки
Не ми се верува дека цела година не сум ги постирала овие суви колачиња кои нема кој не ги сака. Брзи, вкусни, издашни, погодни за замрзнување.
Во Струмица, откако кокосот стана актуелен, редовно се правеа, и за арно, и за лошо, а бидејќи се посни уште повеќе си го најдоа своето место.
Чизкејк со овошје
Топло беше сеуште кога ја правев оваа торта, па за годишнината на блогот правев и друга, но во основа не се разликуваат многу. Да не бидам во тренд, не бива, иако овие торти не се по мој вкус баш. Никако не се навикнав на крем шантили и овошје, никако.
Убава е, вкусна, освежителна, но не е моја торта, како велиме 🙁
Слатко од модри сливи 3
За новитетите, односно за она што го правам прв пат, ќе речам искрено, ме прати почетничка среќа што велат, помешана со натежнатото искуство.
Има само едно слатко од кое не бев задоволна, а тоа е слаткото од сливи, та дури правев од жолти сливи, да компензирам 🙂
Ивини колачиња со модри сливи
Кога бевме мали, мајка ми често печеше сливи со ореви.
Може да биде прекрасно слатко, но исто така и преубави колачиња, ем без речиси никаква работа, а многу вкусни.
Кога се брзате, и немате време да се посветите на кујната, е тогаш се добредојдени, а посебно добредојдени за младите вработени мајки.
Се сеќавам кога Ива беше мала, печев сливи со ореви и јас, само ете, таа генерација ги збогативме колачите и со шлаг, што им дава уште поубав вкус, иако и без шлаг се со посебен вкус.
Слатко од кајсии
Одморив ден-два, продолжувам 🙂
Кајсиите многу ги сакам, посебно печени во тесто, торта, зашто стануваат уште поубави. Ако се премногу благи, при печењето стануваат красатки, мераци.
Ивин колач со кајсии и фстаци
Кајсиите со фстаци ми се омилена комбинација, што заради боите, што заради вкусот.
Сакав едноставен и брз колач, со старински лик и вкус, и го направив.
Презадоволна сум, иако користев поголем калап, немам некој голем избор на такви работи овде. Колачот ширеше прекрасна арома низ цело маало.
Ивина диња
Диња и лубеница, главно овошје кога е каникуљ-canicule, кога е претопло и нема свеж воздух, а тоа е после 35 °C. Така е овде. Не знам од каде ги носат, но толку се благи и сочни, баш шербетлии.
Пред осумдесетите немале такво овошје, но ете со увозот, спасени сме сега 🙂