Веќе реков дека мајка ми ми објасни како баба ми Зонка го правела слаткото од сушени трендафили. Нејсе, се потрудив, најдов повторно мајски, непрскани трендафили, мирисни до другата улица 🙂
Категорија: Desert
Слатко од трендафили
2013 година ми беше година на слатката. Тогаш ги сликав и објавував…Многу од слатката правам секоја година, редовно, но ова слатко не, за жал. Тогаш се потрудив бајаги за да најдам некалемени трендафили и така остана овековечено, преубаво!
Го правев во мај, тогаш му е времето и е нешто невообичаено, навистина.
Ивина чоколадна кула со јагоди
Еве се обидувам да продолжам после слаткото и скарата, но тешко ми оди да го фатам ритамот…Рецепти стотици, ама си чекаат на ред.
Времето беше дождливо и ладничко, јагодите доцнат…
Слатко од јагоди
Направив пауза, простете што не објавував, но после крвавиот четврток во Македонија, ми требаше време да се соземам, време да бидам со мисла, душа и срце, таму! Таму, дома.
Лиснат бриош
Кога дојдов овде, го славевме Велигден со швајцарски специјалитети, иако тие немаат некоја строга традиција…
Сега секој празник го славиме според нашата традиција, Мишел си прифати, што ќе прави, нема бегање од нашата кујна 🙂 За среќа многу му се допаѓа. Но секогаш си правам и некој нивни специјалитет… Или француски, зашто слични се некои.
Комисброт фантазија
Ми останаа белки, па се знае, комисброт и тоа уште поубав :-), а рецептот може да го видите овде.
Ви го препрачувам колачот за празникот 🙂
Пралини на мој начин
Се сеќавате на белиот комисброт? Е денес си правев нешто слично, а различно.
Воодушевена сум, ќе следува рецептот, ама за да го натокмам како сакам, морав да си направам и пралини!
Пиварки
Познатите пиварки, едни од најубавите старински колачиња. Оваа варијанта има кокос и толчени ореви.
Виени гурабии, две варијанти
Старинските колачиња од тетратката на мајка ми 🙂 , еден од нејзините специјалитети.
Минатата година ги беше направила за Велигден, па ми ги покажа на Скајп.
Ми се разнежни срцето…
Заради сите спомени, минатата година ги правев за Велигден и јас, посветено на баба ми Зонка, (зашто овој рецепт всушност е од неа), а таа правела гурбии за цела горна, Варош маала, била многу мерфетлика и баш уживала да прави за другите. Интересно, но тогаш тоа не се наплаќало како кетерингот денес, се правело од љубов, од аир, за аир, за среќа.
Морав да замрзнувам лани, се собраа многу колачиња, а после кога ги одмрзнав беа преубави. Денес случајно најдов уште едно пакетче, чудо како останало, па ми се најдоа за нови фотографии.
И за уште поголемо чудо, зашто никогаш не чувам толку долго ништо, и после цела година, исти си се, само кај да ги скријам, инаку оврт-заврт, си се дружиме 🙂
Велигденски милиброд и чурек на конци
Во моето детство, милибродот беше задолжителен за Велигден, а гледам и сега е, и мило ми е…
Тоа е наша традиција, толку богата…Рецепти има многу, во некои краеви се вели козинак, а кај нас милиброд и чурек…