Оригинална Васина торта

 

Кој растел со Васина торта, знае дека нема поубава!
Добро, потоа се појавија чоколадната и Загребачката, па сите други по ред, Реформ, Добош, Бомба…
Јас си останав верна на овие три класични торти и се разбира овошната класична. Продолжи со читање “Оригинална Васина торта”

Ивини тортици

 

Тортиците сум ги правела 2014 година, не сум ги објавила никогаш како и многу други рецепти.

Направени се од пченица, ореви и слатко од портокал.

Здрав десерт, но и оброк за време на пости.

Продолжи со читање “Ивини тортици”

Татлии-татлија

 

Штом дојде пролетта во Струмица, се прави татлии со пресно сирење.
Се прави за Прочка, за Велигден, но и во обични денови.
Многу брзо се прави, ама сепак треба да ти се погоди, како велиме и на изглед, и на вкус и на шербет.

Инаку кај нас Струмичани, множината се користи да се изрази еднина, па така татлија тава е татлии. И едно парче е татлии. Токму тоа е една од главните одлики на струмичкиот дијалект, сигурно сум кажала веќе. Мислам дека се вели и татлииј, тоа ј едвај се слуша.
Но заради природните миграциските процеси, веќе овој говор е во изумирање.
Затоа од време на време го користам и на блогот, тоа е мојот јазик кој го употребувам и денеска, јазикот на кој сеуште си мислам 🙂

Татлиита често се меша со равании. Но разликата е огромна, раваниита не е со пресно сирење, а може да и се додаде ореви, бадеми…
Татлијата е без додатоци и се прави со пресно сирење.

Секако во Струмица опстојуваат повеќе рецепти во зависност од потеклото на оној што ја прави.

Продолжи со читање “Татлии-татлија”

Рафаело торта

 

 

Тортата ја видов кај Мои рецепти и знаев дека е по мој вкус.
Сега и дојде редот, благодарам Албетина, сепак брзо реагирам 🙂
Направив само минимални измени кои не го менуваат рецептот.

Да нагласам дека тортите кои ги правам не ми се нешто украсени од повеќе причини.
Припаѓам на генерација која правеше старински торти, па кога се појави хоплата, воопшто не се заинтересирав, посебно за фил, немав такви рецепти. Ниту еднаш не направив фил со хопла како ја викаат, со слатка павлака.
Во Швајцарија пак за торти се користи крема, а има две врсти, со 25% i 35% масленост, но за мене таа крема ќе остане чудна 🙂

Од друга страна, никогаш не научив ништо за украсувањето на торти, останува да им се воодушевувам на вистинските ремек дела кои се прават и да им заблагодарам на убавината која ни ја даваат.

И уште нешто, изборот на украси овде е минимален!

Иако не ги украсувам тортите, гарантирам за преубавиот вкус на оние неколку кои ги правам 🙂 Имено, во оваа торта, вкусот на кремата се изгуби целосно во преубавиот вкус на рафаелото и го добив токму оној  кој ми се допаѓа.

Продолжи со читање “Рафаело торта”

Овошен ручек

 

Сте чуле за УН диетата, циклус од 4 денови кои се вртат 3 месеци.
Протеински,Скробен, Јаглени хидрати и Овошен ден.

Нема да ве замарам со диетата, но мене многу ми се допаѓа.

Неисе, денес сум на овошје, а за ручек како и за појадок, овошје, само сега мешано!

Баш не ми е омилено да јадам толку многу овошје, па често го блендирам, иако знам дека треба и да се џвака.
И ете денеска да ви покажам еден мој оброк, кој за денешните млади е многу интересен, но тие умеат чуда да направат…

Продолжи со читање “Овошен ручек”

Моите кекси

 

Неодамна без воодушевена од едни бисквити и ме фати мерак да пробам да ги направам сама. Немам рецепт, но состојките воглавно се напишани на опаковката. Малку импровизирав по мој вкус и задоволна сум многу, за мене тоа се едни од најубавите кекси кои сум ги пробала воопшто.
Не знам кој е вистинскиот збор за кекси како овие, ние така велиме дома.

Продолжи со читање “Моите кекси”

Кадаиф

Покрај  дроб сармата, традиционално, правиме и кадаиф. Прочка без кадаиф не бива, велат.

 

Ама велат кога се старее, почнуваме да живееме во минатото и зборуваме само за минатото…
Точно е, како натежнуваат годините, така новото време, тешко ни паѓа. највиталните се прилагодуваат некако, но сигурно ова не е наше време!
Ова е време на младите, како што во мојата младост, наше беше времето… Продолжи со читање “Кадаиф”

Слатко од портокали

Ова слатко е и од кората на портокали, но и од помали и поголеми парчиња од портокали, а ставив и еден лимон. Количина сами си одредувате, ги мерите портокалите пред варење, кога ќе ги подготвите во парчиња, фигури и полжавчиња. Најубаво е портокалите да имаат дебела кора.
Е сега цела година имаме портокали, кога со дебела кора, кога со тенка, ниту сезона се знае, ниту вкусот е ист како оној кој го носиме во нашите сеќавања…
Сепак нека има малку, токму како се правело порано, од сé помалку.

Продолжи со читање “Слатко од портокали”

Бакина торта-мамина торта

 

Се сеќавате ли на Бакина торта? Имаше и друго име, мрсна торта, па црна торта. Веројатно имињата доаѓаат од многу стари времиња кога денешните торти не биле се уште во мода, туку токму ваквите суви торти најмногу се правеле дома.
Името бакина торта, секако не е бабина торта. Рецептот ми е од тетратката на мајка ми, пишуван во 50-тите години од минатиот век. Таа тетратка е полна со рецепти кои постоеле и порано, но тогаш имало курс за готвење во Струмица, само неколку жени го посетувале, се сеќава мајка ми и ете имаме едно богатство кое ми значи многу. Продолжи со читање “Бакина торта-мамина торта”

Бели Ивини чоколатца

 

Чоколатцата ги направив во 2014 год. февруари и не сум ги повторила, а преубави се. Искомбинирав рецепт за фил од  Даниела Џогова, кој е баш по мој вкус.
Јас си пишувам од кој ми е рецептот и секогаш сум благодарна, ако било во групи каде се знаеме и почитуваме, името обавезно си го чувам…
Инаку, се сеќавам дека ме прашуваа за калапот, мислејќи дека ми е од овде. Дури некни видов ваков калап овде, а тогаш си го бев купила од Мк, од Бит пазар. Всушност, се сеќавам правев еден преубав колач, па и чоколатцата во исто време. Сум ги сликала бајаги, така беше во тоа време 🙂

Продолжи со читање “Бели Ивини чоколатца”