Ароматично сирење со ореви

Еве нешто од празничните рецепти, најбараниот рецепт…
Оревите знаеме да ги ставиме во многу солени јадења, печени пиперки, пинџур, модри патлиџани…
А во Швајцарија, едно од најубавите сирења ми беше токму сирењето со ореви.
Овој рецепт е со бело сиренце и исто така е преубав.
Е сега се обидувам да се сетам, што сé сум ставила, зашто подготвував многу работи одеднаш, па и инспирацијата ми беше моментална. А бидејќи не можев да сликам детално што правам и што додавам, значи немам детални работни слики, сега ќе се присетувам…
Сакам да речам, и да не се сетам што сé има внатре, не треба да е проблем. Вие направете си го по ваш вкус, тоа е најдоброто и највредното, само треба да сте отворени и за нови комбинации, и за нови вкусови…

Continue reading “Ароматично сирење со ореви”

Сирење со пиперки и млад кромид

За овој рецепт сирењето е швајцарско Tomme de Vaudoise, но не е обавезно, може и друг вид сирење кое е меко и топливо внатре. Ма какво и да е, може ли без пиперки?
Всушност и нема некој рецепт, се пржи -пече сирењето на рингла, се додаваат пиперки кога ќе почне да се топи, се пржат-печат и они, и при крај се додаваат перца од млад кромид.

Continue reading “Сирење со пиперки и млад кромид”

Грав со домат

 

Една од многуте варијанти на варен грав, посен.
Имам неколку начини за подготовка на гравот, а традиционалниот струмички, со црвен пипер, може да го видите овде.

Continue reading “Грав со домат”

Пилешко со кајмак

Да пробаме нешто ново!
Овој период немам баш време за пишување рецепти, ама за среќа, имам многу сликано од сега, но и од порано необјавено, па штом уловам временце, ќе пишувам.

Continue reading “Пилешко со кајмак”

Сос со морков и пиперка

За мене најбрз ручек е пржено месо, ем вкусно, ем лесно. Но за да не биде секогаш исто комбинирано, еве малку поинаков гарнир за месо, всушност сос.

Continue reading “Сос со морков и пиперка”

Јагнешко филе во сос од морков и пиперка

Знам дека кај нас нема вакво филе, многу поразлично е јагнешкото месо, ми требаше време да се навикнам. На ова јагнешко му треба само неколку минутки да се испржи, а исто вкусно е многу, нема трунка масно, нема неколку часови печење.

Continue reading “Јагнешко филе во сос од морков и пиперка”

Посна јанија со компир и бамји

Кога е сезона на бамји, јанииита ја правиме со нив, покрај компирот. Но и кога не им е сезона, ги имаме замрзнати, па ги користиме. Јанијата може да биде и со месо, со телешко, со јагнешко, но и со свинско, сите имаме различни вкусови и правиме да ни е слатко.

Continue reading “Посна јанија со компир и бамји”

Турли тава, црвена манџа

Тавата со месо и мешан зеленчук ја нарекуваме турли тава или ѓувеч, зависи од кој крај сме.
Турли тавата, како и сé друго, се прави различно насекаде. Низ групите за готвење можеме да видиме колку разлики има, зависи од традицијата, од вкусовите во семејството, но и од она што во моментот го имаме дома.

Continue reading “Турли тава, црвена манџа”

Солена пита од кори / јуфки

Ова ќе му дојде како солен млеченик, така нешто. Корите или јуфки, може да се направат и како десерт, и како баница, пита, како сакате. Мојот млеченик кој редовно го правам е благо-солен, во средина благ, по краевите солена кора со сирење, рецептот може да го видите овде. Тоа е стар струмички рецепт, а се прави и само благ, без солена кора, ќе следува рецепт.

Continue reading “Солена пита од кори / јуфки”

Печени ребра

Нешто посебно рецепт за ребра и не знам дали треба, но ете за помладите кои започнуваат во кујната, добро е да се има. Овде не треба ни сервирање, ниту декорации, едноставно е, само да си ги погодите на вкус и добро да ги испечете.
Вака ги правам секогаш, а друг начин е да се испечат на скара.

Continue reading “Печени ребра”