Грав од конзерва

 

Сеуште го немам објавено рецептот за мојот грав, но ете му дојде редот на овој, зашто деновиве готвењето ми е многу брзинско, па и пишувањето рецепти.

Во Македонија никогаш, никогаш не сум користела грав од конзерва, но кога дојдов овде, набргу пробав, сеуште незнаејќи кое каде можам да го купам.
Швајцарците не јадат грав, бара долго подготвување, а тоа тие не го сакаат. Сепак може да се случи да го користат во некоја салата и затоа конзервите се добредојдени. Можеби во други кантони е поинау, но во мојот кантон е така.

Continue reading “Грав од конзерва”

Кисела зелка со праз-посно

 

Посебно ја сликав зелката, зашто и посебно ја правев. Правев една посна тава и уште една со месо.

Мене не ми треба месо, може колбаси, но пак мала количина. Вака е преубава 🙂

Continue reading “Кисела зелка со праз-посно”

Пржена пастрмка со сос и шпецли

 

Нешто од рибите ставив во тавата Риба во сос, нешто испржи Мишел и ете уште еден рецепт.

Инаку шпецлите се типичен швајцарски специјалитет кои сите ги обожуваат. Тие најчесто ги комбинираат со гулаш, зајак, дивеч…

Continue reading “Пржена пастрмка со сос и шпецли”

Ориз со печурки

Ги гледам сликите од порано, посебно за оризот и ја гледам разликата. Нема поубав од кочанскиот ориз, но секако не од пазар. Што дека купив, не е тоа тоа… Поздрав Никола, нема поубав ориз од вашиот, следниот пат да се снабдам треба 🙂

Еве уште една комбинација на задушен ориз, овој пат со печурки.

Continue reading “Ориз со печурки”

Пржен анасон

Анасонот е зеленчук кој овде многу се користи. Кај нас го знаеме како аромат, се става во струмичката мастика, на пример. Никогаш не сме подготвувале во Мк, ниту бев видела на пазар, пробав за прв пат минатата година, овде. Continue reading “Пржен анасон”

Пржени суви пиперки со траано-тарана

 

Реков дека сувите пиперки ми станаа главна состојка, главна храна, секогаш во комбинација… Едноставно ги обожувам.

Јас сум Македонка, верувам и во едни поинакви креации на храната, верувам во трансформацијата на храната, за да не се фрла, за да се искористи максимално, а да се создаде превкусно јадење!
Трансгенерациска порака 🙂

Често моите оброци се токму такви!

Кога ќе остане од оброкот, предизвик ми е да направам комплетно ново јадење.

Токму така настана и оваа јадење, инспирирано од традицијата.
Рецептот за тараната може да го видите овде, доколку ве интересира.

Continue reading “Пржени суви пиперки со траано-тарана”

Пржено сирење

 

За сите кои не постат, едно преубаво саботно јадење, брзинско, а вкусно.

Инаку денес е Тодорова сабота, ден кога момите и ергените се аресувале на овој ден, порано!
Сите се излезени на пазар, а младите си флаат око, се бендисуваат, стара традиција која се одвивала на Корзото во Струмица. Девојчињата стоеле пред Градската аптека, а момчињата на скалите на Градскиот Одбор… И од сите околни села на тој ден доаѓале да се аресат. Continue reading “Пржено сирење”

Пржени суви пиперки

 

Жал ми е што немам големо искуство со сувите пиперки, најолем дел од животот не сум ги користела, затоа сега гледам да надокнадам. Традициите во моето семејство бараа поинакво подготвување на пиперките. Баба ми сушеше домати, но не се сеќавам на пиперките, моите родители не сушеа и не купуваа, а јас негде од 2000 година им се посветив.
Револуционерна година за техниката, а за мене враќање кон корените за пиперките 🙂

Од досега пробаното, потпечени, варени, пржени, најмногу ми се допаѓаат пржени во малку брашно. Па и потпечени во брашно.

Еве едно брзо приготвување, вкусот не може да ве остави рамнодушни! А тек мирисот, ммм…

Continue reading “Пржени суви пиперки”