Ивини бомбици од палента

 

Палентата, кога дојдов овде, веднаш ја прекрстив, полента се вели. Не сум си го заборавила јазикот, таман работа, но ете палентата, лесно стана полента.

Продолжи со читање “Ивини бомбици од палента”

Бомбици од урда

Подготвувајќи ја летната даска, сакав да направам мали бомбици, солени, онака мераклиски, но и здрави. Изборот падна на оризови, со палента и со урда.

Продолжи со читање “Бомбици од урда”

Бомбици од ориз и мелено месо

Бомбици од ориз имам одамна објавено, но како по обичај, на блогот, прво од поновите почнувам. И солени и благи, мене ми се превкусни. Ги правев со зеленчук, со слатко од дуњи чинам беше, убавини, ги имам на страницата “Со љубов, за вас”.

Ќе се потрудам да ги поставам овде и нив, брзо.
Овие се солени, со мелено месо.

Продолжи со читање “Бомбици од ориз и мелено месо”

Лепче со палента

Леб од палента, француски…

Рецептот го изменив малку, си го прилагодив, а и ликот му го сменив, личен да ми биде 🙂
Мене ми изгледа како солен колач сега, толку е декоративен 🙂 Продолжи со читање “Лепче со палента”

Пататник со биено сирење

Уште еден пататник, и не знам што е поубаво, дали вкусот или изгледот…

Интернет е полн со рецепти и идеи, но сепак креативноста е во тоа да создадеме нешто ново, наше!

Продолжи со читање “Пататник со биено сирење”

Суви, везени пиперки со грав

И сега, она нашето, она по кое сме познати, суви пиперки со грав.
Срам да им е на оние кои се срамат од оваа наше прекрасно јадење или се мајтапат уште!
Таква вкусотија не знам дали постои на светот!

Продолжи со читање “Суви, везени пиперки со грав”

Солена тортица

Знаете дека жива се потресувам кога се фрла храна, на толку гладен свет, не разбирам!
Затоа имам и рецепти “од она што ќе остане”.
А за гладните, многу болна тема, да се надеваме дека ќе дојдат подобри времиња, да се надеваме, откако не сме во можност целосно да го смениме животот на Планетата…
Но можеби можеме малкуцка, секогаш да помогнеме!

Продолжи со читање “Солена тортица”

Модар патлиџан со палента

Не знам дали некој друг приготвува толку многу модри патлиџани и тиквици како мене.
Ги имаме цела година, вкусни се и веќе не ми се сезонска храна. Обавезно на неколку денови печам цели плехови и ги комбинирам на разни начини, за салати или оброци.

Продолжи со читање “Модар патлиџан со палента”

Ќофтенца од тиквици

Едни од најпопуларните ќофтенца после месните, сите ги сакаме. Ги правам во неколку варијанти, но во основа е истото. Здрави, уште поздрави ако се печени, ви го препорачувам овој рецепт, од срце.

Продолжи со читање “Ќофтенца од тиквици”

Пататник со пиперка

Реков, реков, инспиративен рецепт, има уште 🙂
Рецептот кој е сличен, може да го видите овде .

Продолжи со читање “Пататник со пиперка”