Чоколатцата ги направив во 2014 год. февруари и не сум ги повторила, а преубави се. Искомбинирав рецепт за фил од Даниела Џогова, кој е баш по мој вкус.
Јас си пишувам од кој ми е рецептот и секогаш сум благодарна, ако било во групи каде се знаеме и почитуваме, името обавезно си го чувам…
Инаку, се сеќавам дека ме прашуваа за калапот, мислејќи дека ми е од овде. Дури некни видов ваков калап овде, а тогаш си го бев купила од Мк, од Бит пазар. Всушност, се сеќавам правев еден преубав колач, па и чоколатцата во исто време. Сум ги сликала бајаги, така беше во тоа време 🙂
Состојки
- 300 гр бело чоколадо
- 8 лажици зејтин
- 300 гр малинки
- 200 мл вода
- 150 гр шеќер
- 1 кесичка пудинг од ванила
- 1 кесичка желатин
Постапка
- Зоврете ги малинките со шеќерот и водата.
- Потоа додадете го пудингот и желатинот претходно подготвени, според упатството.
- Заедно се мешаат на рингла, да стане фил.
- Филот треба да се олади.
- Силиконските калапи се полнат со растопено чоколадо на пареа.
- Треба малку да се стврдне, а потоа се полнат со филот и се затвораат со чоколадо.
Пријатно!