Моите кекси

Моите кекси
Моите кекси

 

Неодамна без воодушевена од едни бисквити и ме фати мерак да пробам да ги направам сама. Немам рецепт, но состојките воглавно се напишани на опаковката. Малку импровизирав по мој вкус и задоволна сум многу, за мене тоа се едни од најубавите кекси кои сум ги пробала воопшто.
Не знам кој е вистинскиот збор за кекси како овие, ние така велиме дома.

Состојки

  • 1 1/2 чаши брашно
  • 50 гр маргарин или путер
  • 3 чаши овесни снегулки
  • 3 лажици млеко во прав
  • 1 прашок за пециво
  • малку сол
  • 1 лажица нишесте
  • 1 ванилин шеќер
  • сок од лимон и кора од лимон
  • 1 рака брусници
  • 1 рака суво грозје
  • 1 рака листови бадем
  • 3-4 карамели
  • 1 лажица мед
  • 100 гр кафеав шеќер за шербет-неколку лажици
  • неколку зрна толчен мастик
  • кисела вода

Постапка

  1. Најпрво подгответе ги состојките и почнете да ги ставате во еден сад.
  2. Растопете го маргаринот/путерот.
  3. Шеќерот со вода зовријте го и згуснете го малку.
  4. Карамелите иситнете ги, мастикот истолчете го и додадете ги на смесата.
  5. Промешајте и додадете кисела вода онолку колку треба за да може со лажица да ги ставате кексите на хартија во плех.
  6. Се печат кратко, околу 15 мин., до убава боја. Откако ќе се оладат се стврднуваат повеќе.

Кексите се преубави, вкусот неповторлив!
Со киселата вода ќе им ја дотерате густината, дозите може да ги прилагодите.
Грешки нема, ако е потечно, додадете брашно или овесни снегулки и средено е.
Чувајте ги во метална кутија, ако сакате да стојат подолго.

Пријатно!

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар