Диња и лубеница, главно овошје кога е каникуљ-canicule, кога е претопло и нема свеж воздух, а тоа е после 35 °C. Така е овде. Не знам од каде ги носат, но толку се благи и сочни, баш шербетлии.
Пред осумдесетите немале такво овошје, но ете со увозот, спасени сме сега 🙂
Кога ќе се сетам само, кога бев мала, јадевме диња со шеќер, посебно мајка ми и јас, па зарем не ни беше доволно блага, што ли? После и Ива така сакаше, посипан шеќер врз диња…
Од друга страна пак, и дињата и лубеницата ги јадеме со сирење.
Рецепти може да видите овде и овде.
Минатата година ги направив овие фотографии и баш им се радувам, многумина беа презадоволни и инспирирани…Ми значи кога луѓето ги сакаат моите рецепти, многу ми значи 🙂
Се ближи годишнината од отварањето на блогот, август. Се трудам што повеќе рецепти да ставам, рецепти од 2012 година наваму, поточно од 2011 кога почнавме да фотографираме некои настани за храна… Потоа купивме за мене фото апаратче и од тогаш не сум застанала…Милиони фотографии, милиони, може изложба некој ден ќе направам, посебно од униукатните јадења.
Многу рецепти чекаат ред да бидат објавени…И кога ќе завршам со објавувањето на сите нив, ќе се посветам на нови рецепти, што сега само повремено имам можност да го правам, зашто сум целосно заглавена 🙂 Ќе дојде и тој ден 🙂
Состојки
- 1 диња
- варена пченица
- мед
- ливчиња свежо нане
- толчени ореви
Постапка
- Пченицата се мие, се вари од вечерта околу 20 минути до половина час. Се затвара со капак и се покрива со ќебенце.
- Утредента пченицата е спремна за подготовка на тоа што сакате. Секако може и поинаку, да си ја сварите одеднаш, но тоа е мој старински рецепт, а сум варела и брзински.
- Измијте ја дињата, отворете ја од горната страна со сечење на еден дел.
- Издлабете ја и отстранете ги семките. Отстранете ја целата кора внимателно.
- Помешајте ја пченицата со ореви и свежо нане, но исто така и со делчиња од дињата кои сте ги исекле.
- Наполнете ја дињата со пченица, посипете оревчиња и прокапете малку мед…
Можете да ја сервирате за појадок, за вечера или како десерт, нема да погрешите.
Неколку капки мед прави чудо во комбинацијата, иако дињата е блага многу, медот и го дава завршниот тон, пробајте 🙂
Комбинацијата е идеална за летните горештини, посебно ако дињата е убаво изладена 🙂
Preubavo