Кога бевме мали, мајка ми често печеше сливи со ореви.
Може да биде прекрасно слатко, но исто така и преубави колачиња, ем без речиси никаква работа, а многу вкусни.
Кога се брзате, и немате време да се посветите на кујната, е тогаш се добредојдени, а посебно добредојдени за младите вработени мајки.
Се сеќавам кога Ива беше мала, печев сливи со ореви и јас, само ете, таа генерација ги збогативме колачите и со шлаг, што им дава уште поубав вкус, иако и без шлаг се со посебен вкус.
Состојки
- модри сливи
- јатки ореви
- мелени ореви
- шеќер по желба
- канела
- шлаг
Постапка
- Сливите се мијат и чистат од коски.
- Во средина се става jatka орев и малку мелени ореви, помешани со канела.
- Одозгора се посипува шеќер по желба.
- Се ставаат на хартија во тавче и се печат.
- Потоа се ладат и се сервираат со шлаг.
Преубави колачиња, едноставни, а со арома која потсетува на детството.
Слободно аранжирајте ги по ваш вкус, јас ги направив на овој начин.
Пријатно!