Кнедли со сливи и ореви

Кнедлите беа многу актуелни едно време, па ги подзаборавивме и сега, благодарение на нетот, повторно се враќаат, како и сé друго. Рецептот ми е чиста класика, од тетратката на мајка ми, имам и други, но овој ми е омилен 🙂

Состојки

  • 500 гр компири
  • 250 гр брашно
  • 1 јајце
  • 30 гр путер
  • малку сол

Фил и посипување

  • околу 600 гр модри сливи
  • јатки ореви
  • канела
  • мелени ореви за посипување
  • ванилин шеќер
  •  шеќер по желба

 

Постапка

  1. Излупените компири се варат во посолена вода.
  2. За тоа време се подготвуваат сливите, се чистат од коските, а внатре се става канела и орев.
  3. Компирите се цедат и пасираат убаво, се додава јајце, брашно и путер.
  4. Се замесува, а брашно се додава сé додека тестото лепи.
  5. Се прави топка и се расукува кора, на побрашнета површина.
  6. Со голема чаша се вадат кругови, се става слива на секој круг и се затвара сливата со тесто.
    Се работи со набрашнети раце.
  7. Се прават топчиња кои се варат во зовриена вода, околу 10 мин.
  8. Кнедлите испливуваат на површина и се вадат со цедалка.
  9. Се посипуваат со мелени ореви, помешан со ванилин шеќер и шеќер по желба.

Толку се вкусни, толку се декоративни, немам зборови, а многу брзо се прават. Ама затоа пак, бесконачно фотографирање 🙂

Во некои земји, кнедлите се сервираат за појадок, но се служат и како десерт.

Пријатно!

     

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар