Комисброт фантазија

Комисброт фантазија
Комисброт фантазија

Ми останаа белки, па се знае, комисброт и тоа уште поубав :-), а рецептот може да го видите овде.
Ви го препрачувам колачот за празникот 🙂

Француските розеви пралини душа дале за колачи по мој вкус, пред сé најдекоративни се, а и бадем зашеќерен, што да се каже… Затоа си правам, си правам, но по малку, мали дозички, разноврсни рецепти, да ги искористам пралините, де 🙂

Рецептот за белиот комисброт ми е преубав, само направив мали измени, па пралините и ете уште еден волшебен колач.

 

Состојки

  • 5 белки
  • колку белки, толку шеќер, мерени во исти чаши
  • колку белки,толку брашно мерени во исти чаши
  • 1 прашок за пециво
  • 2 лажици растопен путер
  • сок од портокал
  • 2 ванили
  • малку махлеп
  • розеви пралини (зашеќерени бадеми)
  • шеќер во прав

Постапка

  1. Белките да се на собна температура. Се ставаат во чаша и во други две чаши се става шеќерот и брашното на иста висина како белките.
  2. Се матат белките, се додава шеќерот, ванилите и сокот од портокал.
  3. Се мати додека белките да станат цврсти, па се додава брашното и пецивото, махлепот, путерот и се меша со лажица.
  4. Зависи од калапот, го мачкате со путер или е силиконски, па ставате од смесата, па пралини, па пак од смесата.
  5. Се протресува за да се израмни смесата. Се пече на 180, па на 150 степени. Ако е длабок калапот, се пече подолго.
  6. Се украсува со зашеќерени листови бадем и шеќер во прав.

Рецепт за пралините имате овде. Им додадов малку брашненце за да не бидат на дното, но нема потреба, само им ја расипав убавината 🙁
Не знам какви калапи користите, дали се превртува колачот или не, затоа украсувањето го оставам на вас. Јас имав два многу различни калапи во рерна и не ми беше умно тоа, помалите многу брзо биднаа, додека да се свртиш, затоа подобро е барем приближно да се исти калапите.
Како за прв пат рецепт со пралините, презадоволна сум! Се надевам му ја доловив убавината на колачот, иако светлото не ми беше баш најдобро, колачот е побел всушност.
Вкусен, миризлив, личен, милина!
Сé така розево да ни е! Јас се навлеков на розевото, ептен ме инспирира овој период…
Колачот преубаво оди со кафенце, чај… Уживајте мили мои!

  Комисброт фантазијаКомисброт фантазијаКомисброт фантазија

 

Напишете коментар